Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зошто луѓето се себични ?
Мислам стварно не сфаќам зошто некој нејќе да сподели информации кои нема да му наштетат...
Со колега се договараме кој ќе дознае нешто за факултет да му каже на другиот и ја сабајлево дознавам му кажувам одма и ми вика „еј абе и мене така вчера ми кажаа“ и на моето „па шо не кажа?“ следи „забораив“, немој не ме јеби бе !

П.С. многу брз ми доаѓа форумов некако, нема потреба да стиснам лајк, самата помисла е доволна :D
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Драга, многу е непријатно кога ќе сокриеш некој вкусен калорически бомб за да не те искушува, а добиваш коментар „Ако мислиш дека треба да ослабам, моеше да ми кажеш отворено“. А, не ти се признава дека се сметаш за терминатор за храна, ни сакаш да навредиш другиот. :oops:
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Чилимaнoв гo викнaле дa дискутирa сo Кaрoлинa Астеруд нa дебaтa зa aбoртус бе:tapp::pos:
Изгубен у прoстoр и време, тoтaлнo oфтoпик сo глупи дoсетки кaкo левицaтa у 63ќa мaмaтa му јa рaсплaкaл нa мaкедoнецoт a сеa билa прo aбoртус дрн дрн.

Oвaa дури гo пoфaли нa крaј шo иaкo е тoтaлнo неспремен нa темaтa, бaр имaл хрaбрoст дa се пoјaви, зa рaзликa oд тие шo гo дoнесoa зaкoнoт.
Или тие шo гo дoнесoa зaкoнoт гo прaтиле :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Кајгано бре, последниве неколку дена 10 минути чекав да ми се отвориш, не знам дали до мојот драг нет подржан од Близу (Вип де) или до тебе, ама јас бев лишан од тоа да ти пишувам. Па еве у меѓувреме што се случуваше.

Два дена годинава немам ставено леќи, едниот ден имало трки цело време дрифтале, па полиција дошла ги бркала, јас кутриот ќорчо дека подалеку седевме глеав само светлата на полициската кола и пиксели многу многу пиксели. Другиот ден беше вчера, имало експлицитни сцени на клупи на отворено подрачје, секако и од тоа ништо не е видено, додека сите околу тебе сеир фаќаат. Останатите денови од секојдневниот живот кога носам леќи светот е во тотална хармонија и благосостојба, кулкул.

Решив без никаква причина да се јавам на баба ми, да прашам што праи, да свртам два реда муабет, дека секогаш само за родендени и битни дешавки во животот ми се јавува, и ете ми дојде да се јавам онака еднаш чисто онака без причина. Следното кога се дознало дека сум се јавил, домашните одма теории направија по телефони убаво да проучат зошто што како, по кој повод, не можело да е онака од ништо, која била скриената намера. И така заклучив дека во светот луѓето очекуваат да си лош, да не покажуваш внимание, и секоја поинаква појава е максимално чуда и се јавуваат прашалници и зборот зошто. Место да е обратно, тапа малце нели :(

А да секако и ова ќе заборавев, да је Филип бити лако Филип би био свако. Пред некој ден бев на контрола за забите (носам ритејнер на горните заби бидејќи после протези вадење нели) и сега контрола имав после 3,4 месеци и баш онака се израдував пошто ритејнерот цело време на 2 дена ми се откачуваше и некако чудо 3 месеци супер да е, да нема никаков проблем. После контролата следниот ден се откачува, денес пак ми го местат. При едно местење треба со вода у базен да се бањаш со 10 крпи да собираш води, да ти ставаат киселини и да ти горчи до степен да си ја лупаш главата во тоа столицата и да те влечат со конци. Таман го напраив, сега пак сум јадел нешто тврдо очигледно и пак ми се откачи. Трауми смак кошмари biggest fears...
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Јас у соблекувална во бутик и една глупача од тинејџерка гледа дека има некој и ѕирка додека ја чека другарка и да проба нешто. Ај шо се знае кога има некој, па и не пробуваше ништо, ѕирка. Ми идеше шамар да и влепам и косите да и ги искубам. :gjavol:
 
S

silmarillion

Гостин
Добро утро,

Убав ден петочки, али идејќи накај работа сакав да ги прашам нешто нашите мили стари скопјани:

Зошто на пример во Солун кога ќе видите дека и да имате зелено светло пред вас, не ви текнува да пројдете ако има гужва каде што ќе заглавите, а на Соборна упорно ко сивоњи идете и заглавувате цела раскрсница? Зошто мислите дека Скопје е уште од времето на нашите прадедовци кога имало се на се 4 запрежни коли? Зошто на мајка ви шунката?
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Кајги, сеа сваќам што ми збореа овде некои чуечиња. Тешко тешко тешко тешко и претешко. Ама пак подобро него шлаење по цел дн. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Гадни се оние периоди кога ја губиш контролата над времето. Тотално деновиве немам никаква временска организација на работата. Едноставно од премногу обврски го губам уживањето во слободното време, а што е уште полошо, па и едната обврска ја јаде другата обврска, па денес предвиденото што сум требал да го одработам, не сум го одработил целосно. Гаден период.
:unsure:
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Драга Кајгана,
Гадни се оние периоди кога ја губиш контролата над времето.Харп го затворија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom