Да споделам една дешавка, по која цело време во главата си кажував “хеј животе срече нема“, па вака...
Бидејќи дома немам Арена, а и ми се смачи со линковиве дека само ко магнет фаќам некој кој кочат, решив да гледам ко човек Арсенал во кафич или кладилница. И сега секако да беше до мене ќе се убутав у кладилница, можеше и ќе пуштев некое ливче на ситно, ама дека со девојчето бев па ајде во кафич да седнеме, дека срам и било по кладилница. И добро седнувам одма само што седнувам во иста секунда голот на Кавани, си реков добро ајде одма порачавме и веќе во наредната секунда се заледува сликата на телевизорите таму. Си реков ај да не берам гајле, сигурно до програмата е ќе се откочи, но минуваа минути и минути веќе 30 минута стигна, ама ни трага ни глас од сликата. И веќе ми станува премногу нервозно, бидејќи не ми се ни јадеше ни ебаната пица, ниту ми се трошеа 270 денари за неа, ниту беше убаво, ниту сакам да седам без да го гледам Арсенал, пошто само и за тоа сум седнал-да го гледам. И добро девојчево веќе кажува да станеме да идеме у кладилница да видиме, пази она кажува, ја уште си викам со размислувањето не бе сигурно секаде е вака закочена сликата, ама дека критично ми беше си реков ај да станам. И добро што да видам сите кафичи во околината и сите обложувалници а ги има многу премногу, пренесуваат Арсенал на Арена 3. Сите телевизори се добри, само телевизорите сигналите или незнам што на ебаниот кафич каде што седнавме беа во дефект, а само за тоа седнавме, да го гледаме Арсенал...
А да и еден детал заборавив, пред да седнеме во проклетиот кафич, бевме во друг каде што секаде имаше Барса пуштено. И само реков дали може на друг тв да пуштите Арсенал (повеќе тв беа), но ми рече дека сите биле исто приклучени ако се смени на едниот автоматски се менува и на другиот. И јас само викам “аа ништо тогаш“, човекот ми рече “нема проблем ќе смениме ако треба“, ама јас си реков нене не треба уживајте. Пошто нели поштен нека гледаат луѓето Барса ако им се гледа, нека не менуваат за мене, ќе најдам кај што има Арсенал.
И така среќа второ полувреме седнавме во Копачка и гледавме и Алексис ме смири малку со голот, бидејќи ми идеше штрафцигер во чело да си брцам
