Океј, стој. Стој, застани, одмори, пауза.
Вчера бев на свадба и бев напраен флека. Бев напраен тезга, патлиџан, постер, ѕид. Значи бев напраен... тотално.
Денес се будам, уште сум пијан. И почнува да ми текнува...
...
@Peja989 ме остава со кола пред зграда откако праевме муабет за курвите и животот. Ја се качувам горе, влагам ко мајор у касарна и викам „МАЈКО! ЈА ИДАМ У БОЛНИЦА!“. И си излагам... а женава од спиење срипува од памет се вади ебате...
... пред болницата муабет со браќа Албанци кои таму ги запознав, чија приказна беше дека дошле пошто некој од нив ја скршил ногата откако играле фудбал. Па они го чекаа другаров да излезе, а ја праам муабет со нив, и стварно беа фини дечкиве, заебанции праевме, дадоа некоја цигара. Али сеа коа размислувам, не држи вода многу приказната, стварно игра некој фудбал у 3 саат навечер? Како и да е, се договоривме со Баки од трети кат (така го претставија) да ме викне ако некад им треба напаѓач за фудбалче...
... се јавив на другари да ми праат друштво пошто ми е досадно (У 4 СААТ САБАЈЛЕ) и луѓево сфатија што ми се дешава и дојдоа да помагаат. Они ме тегнат, ја си одам лабаво по булевар, а коли шибаат околу нас. Три пати мислам дека лесно можев да бидам прегазен...
... испушив едно 40 цигари, се расправав со све и свашта, праќав видеа, другариве ми викаат „ти не викна за да те носиме, и коа дојдовме сакаше да не тепаш“
... седиме пред влез со другариве, го глеам татко ми се враќа од работа. КРИЈ ЦИГАРИТЕ, држ, земи. Татко ми ме прашува шо сме праеле, као сме прошле бла бла, ја му мењам тема му викам „абе ливерпул тепаше 4-1!“. И толку негде памтам, денес ми викаат дека за дамла пијан човек добро сум се понашал пред него и веројатно не приметил
И денес се будам, нема потреба да го опишувам мамурлакот. Али се разбудив со една цел, а тоа беше да идам да си купам пица од Џакомо. Се јавив и нарачав една средна капричиоза, нејќев достава пошто сакав да шетнам на воздух малце. Идам, зеам пицата, али не можам, прегладнет сум. На првите клупи фатив да ја јадам ко бездомник што нема јадено две недели...
Се враќам дома, читам за земјотресот сабајле, сите у паника биле, статуси фрчат, луѓе навечер искачале надвор. А пијан Рики спие ко заклан, нит земјотрес го буди нит ништо.
И ајдеееееееееее... пак земјотрес. Овојпат не само што го осетив, туку и тоа ме отрезни. Мачката ми ја нема. Проверувај сегде, кидавела. Викаме рипнала низ тераса или прозор пошто страв и било од све што мрда и нема кај да се крие. Дури гуглав ебате "how do cats behave during an earthquake". Излагам надвор, низ цело маало „мац, мац, мац, господин предалооо!“ (да, мачорот ми се вика Господин Предало, сисајте, најбоље име е). И ми се јавува татко ми, „доаѓај ајде, да видиш кај е“. Мачоров се скрил под каучот у дневна, влегол низ некое тесно дупче, и седел скриен измеѓу јоргани, затоа не сме го виделе. Дур го пишував ова, проверив и лудакот уште е таму. Ќе излезе у ноември гарант.
И така ете, сеа седам, ја дојадувам пицата и чекам да видам што друго ќе донесе денов
