Саат и пол време утепав во Стопанска банка. Мислам дека со Комерцијална се тркаат која ќе е поутепана банка од овие две, во поглед на услужливост - брзина на услужливост на клиенти иако во последно време ми предничат Стопанска со нивнана Lyoness левел замарантска политика за да земеш кредит од кај нив. А интерно во банкава, па се тркаат кој е поутепан страните клиенти - вработени. Од клиентела се збрале се ветерани, заедно имаа може сите 10,000 години. Доаѓа една жена со болки во стомакот и никој нејќе да се сменат со бројчињата и пред ред да ја пуштат а женава заврши работа за 3 минути. Сфаќам некој од работа искочен ако е и не сака да се се сменат ама да му ебам мајката бре што обврски имате што нејќеше никој од вас да се смени со жената? Фериде ќе ја испуштите, гравот ќе загори, што?
Идеме втор случај за на психијатрија, што прават стариве на шалтер по 20 мин. за еден не ми е јасно? Прачки злато оставаат? Вадат сума за свадба правење? Тетката од преку стаклото па е друг муабет. Рефлекси на мртов коњ, познавање работа со компјутери средно жалосно, старово и збори едно, таа не дослушува, му враќа друго, таман ќе се разберат за едно нешто, пак се збркале и не можат да се разберат за нешто трето.
Трет случај, прв пат ли идете во банка метузалеми едни па не знаете дека правните лица имаат предност и друг вид на бројче иако се дојдени по вас? Ќе го нападнеа еден дечко демек пред ред влагал, иста судбина имав јас на хематологија кога ме повикаа да влезам пред ред зошто сум крводарител

Како мршојади ти се ставаат а не резонираат дека некогаш ќе им затреба крв или плазма.
Четврт, доаѓа бабава на шалтер и на му вика на дечкото, еве ти и му подава апликација. Дечково и вика госпоѓо ова пополнето ми се дава и бабава, е ако де дечко, пополни ја ти, помлад си, што те кошта

На ова веќе се свртев позади столбот да се изнасмеам како човек и за по 5 минути дечково пополнувајќи да стигне до делот за телефон и бабава да рече, немам дечко ама и така кој ќе ме бара мене, имате улица ако ви требам... стај го твојот ајде, што е битно?
Петти случај, завршувам работа и требаше да уплатам кај мајка ми, давам нејзина картичка и нејзина лична карта, ми вика лична карта твоја дај ми, и велам госпоѓо ај да вадев пари од кај мајка ми, ама сериозно лична карта за некој што уплаќа на друга сметка? Па која будала би била таа и да се буни сопственикот на сметката и да му уплати некој?

на крај ми вика ајде ок ама нареден пат ќе те вратам, уживај дека ќе дојдам нареден пат, ако треба и на црно ќе работам и без придонеси ама во оваа банка не стапнувам ни за мене ни за некој друг.
Неспособен кадар + ретардирана боранија од народ е најлошата спојка што може да бидне. Златни NLB, не дека се совршени ама 7 години сум кај нив, завршување работа за 20 минути преку сила, ниту лична карта ми побарале (освен нели ако обновуваш нешто), ни за мене ни за некој друг кога сум средувала. Не пациентелава, слободен ден од работа човек да земе за да заврши најобична работа што трае не повеќе од 30 секунди.