Драга,
Многу е зафркнато кога ќе седиш во бус со девојче кое прави по 10 селфиња на саат време. А патот е три саати. Килинг ми софтли.
Денес им бев ко брачен судија на баба ми и дедо ми. Они седнати на еден кауч, јас на друг, они си ги кажуваат маките, нејзе што ја нервира кај овој, него што го нервира кај неа. И јас - ти си во право, ти не си во право. А уствари они се замараат за такви небитни ствари, мислам пензионери се и двајцата де, стига пензија таму на кој датум и да е, кулираат по дома, за непотребни работи можеш да се замараш само ако имаш време за тоа. Ко уствари и пола од државава, секој го гледа дворот на другиот и комшиите знаат кога се враќаш дома зашто уствари имаат време за тоа, овај ништо не работат по цел ден.
Океј за тоа, заклучив дека стариве се повеќе се ко деца, али добро е што со нивните глупости многу ме смеат.
Брат ми излегол топ на фотката за матура. Али стварно, конечно се насмеал. И конечно собрал муда да и каже на една од клас дека му се бендисува и оваа го откачила. Корпа. Ме прашува што да прави и му викам дека нема што да прави, да ја отпише кучката од живите и да тера даље. Се надевам ќе ме послуша.
Една од другаркиве запнала сабота во 12 на црква да сме се нацртале. Јас до 12 одамна неам седено, а камоли пак да сум расположена за муабет во тоа време зашто нели, не сите спиеме до 2 поручек. Од друга страна, јас и не сум некој верник, али пак не се преправам дека сум, пошто сите за мода одат. Кога низ годиниве ги гледав со миничи и шминка од три кила како се тресат со свеќата во рака дека после тоа треба да излезат и да ги плукаат тротоарите од смешаните пијалоци вечерта, ми се стемнуваше. Не брат, јас одамна не терам мода и не правам она што нејќам. И затоа, ќе се видиме многу порано од 12 саат навечер. Не сум интересна ич, знам тоа, али реално, па и ич не ми е гајле.