Кеј,
Кога го прочитав пред малку
интервјуто со Панче Ќумбев, се потсетив на минатото кога бранев во Вардар...
Како млад и надежен голман кој штотуку влегол во светот на големото име Вардар и како фан кој цел живот уште од некои 4 години сум одел на утакмици т.е татко ми и мајка ми кои ме носеле, тоа било време кога Вардар било име со традиција тим кој полнел Трибини... е кога пораснав со сета желба стоев на голот а од страна публика едвај 50тина, а како стигнав до тоа вложив некои 400_500 евра за два месеца, опремата која морав сам да си ја купам бидејќи Вардар тогаш немаше пари ниту за превоз а должеше плати 3 толку се сеќавам му должеа на Мутобариќ, мојот тогашен тренер. Знам дека паѓаа заебанции за фудбалите кои ги имавме на располагање кои едвај беа 12 топки, ама нели млад човек занесен од чуството дека браниш за име Вардар не ни чуствуваш дека уствари македонскиот фудбал е катастрофа.
Паметам бевме да играме утакмица а при тоа беше грч ладно, влегуваш вο соблекувална и се што гледаш е ќумбе кое препоставувам беше 32 год, клупи на кои едвај имашр една даска ништо повеќе, закачалки ни беа ковани шајки кои мислам дека беа од истото време кога е напрсвена соблекувалната... така гурав кеј, со свои пари добри 3 години а по подобра шанса влегов во работнички каде франц ми даде подобра шанса на мене и на мојот тренер.
И после некое време од се што видов местени утакмици, влегување во терен на навивачи, мавање со камења и се останато се откажав кеј, затоа сепак не е се во волјата, затоа што мојата мајка не беше директорка која ќе ми дава премногу пари за да се одржувам итн.
За жал и многу мие криво што имаме квалитетни играчи но џабе е се тоа кога имаме раководства кои освен личен интерес и пари за себе и такви работи не можеме да имаме квалитетен фудбал и екипи.
Е ова беше македонскиот фудбал со полни трибини: