Cassaro
Паразит
- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 3.314
- Поени од реакции
- 10.341
Кеј,
ВО петокот бев кај дедо ми да гледаме фудбал, зошто не успеав да стигнам на ручек.Седнуваме пуштаме шалке на еуроспорт и сфаќаме дека ваков класичен очобол нема потреба да трпиме и пребацуваме на кошарка.Црвена Ѕвезда - Кимки.Си тече утакмицата класична клацкалка ни ваму ни таму, а навивачите лудуваат.На 2ипол минути пред крај ѕвезда води 8 разлика али пријателот Швед не мисли вака да заврши утакмицата па ја преобрнува со 2 тројки и уште пар поени од пријателчињата руски и одеднаш на минута 18 до крај ѕвезда губи 6 разлика.Дедо ми се сврте и ми кажа готово е дедо изгубија ѕвезда,а јас само му реков да да дедо во право си готово е арно ама не за ѕвезда.Се беше подготвено за транс и повторно изненадување на црвено белите.Милер се повампири, а пред тоа Јович фантастично се ослободи од топката при пресинг од 4ца противнички кошаркари.На 44 секунди до крај ѕвезда веќе беше во предност од 5 коша и беше јасно дека атмосферата ќе доживее екстаза и дека комбанк арената ќе експлодира.И сето ова е што до сега го пишувам е тотално небитно, бидејќи немам симпатии кон нашиот северен сосед и било кој од неговите клубови.Али после ова сфатив колку ми фали навивањето.Сите нервози,солзи,трпење на глад за да собереш пари на гостовање или да го купиш новиот шал немаат цена за овие моменти.На прославата на првата титула се сеќавам ко да беше вчера.Исто се сеќавам и на загубениот куп против годел во Борис Трајковски кога липав како 2годишно дете и не можев да се симнам од трибина.Најболно нешто од се ми беше кога во сезоната 2010/11 на 2-0 против годел се вративме на 2-2 и мајсторката се играше во лименката наша.Ја извадивме најубавата кореографија до тогаш и се сеќавам дека тогаш губевме ко да нема утре али цела сала урлаше.После тоа останавме уште 45 минути на никој не му се идеше дома, а кога дојдов дома ме пречека еден статус од Диџеј (почивај во мир) кој ми го распара срцево на 500 дела.Три дена немав отидено у школо, зошто не можев да го трпам реметот од квази фаци што 2 пути отишле на утакмица.Болни бевме по клубот жими се.Од се што сум доживеал во животов на топ листата среќни моменти поврзани со МЗТ дефинитивно на врвот се наоѓа маршот за спас.Е тука сфатив дека Аеродром е населбата во која ќе живеам цел живот додека сум дел од оваа мизерна држава.Целава приказна е овозможена од дедо ми кој од мои година ипол ме носеше во лименката која повеќе ја нема на чие место сеа се наоѓа нова перфектна сала која е се освен дом на МЗТ Скопје.Сме поминале многу тешки работи,ама секогаш сме имале дом.Ќе се сврти тркалото и се ќе биде како што треба.