Сношти играв покер на маса 50-100 денари. Бев дилер и ми дојдоа две дами (чупи де). Тројца платија big blind, и јас како последен нормално направив raise од 1000 денари. Еден избега, платија двајца. Се отвара флопот, 2 4 6, во различни бои. Гледам во парите, двата се на бандаш, едниот има 2550 денари, другиот 4100. Влегувам ал ин, и двата ме плаќаат. Првиот има АК, а другиот дебил, плати 1000 денари raise со 3 и 5 во боја и има кента на флоп. Му ја гледам фацата, насмеан од уво до уво. Ги делам картите, и почнува циркус. На turn 4, и на river уште една 4.
Ме направи фул, а фацата на ликот лимон.
Ми кажа дека сум требал да играм лото, а јас му кажав дека плати моронски raise со 3 и 5.
Одамна се немам толку добро почуствувано, ништо подобро од изненаден удар на среќа...