Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
40.054
Поени од реакции
116.994
Три најчести прашања кога ќе одиш на гости во друг град во Македонија:
1. Кога дојдовте?
2. Кога ќе си одите?
3. Уште ли си “ВАМУ“ со работа?

Не се заебавам, буквално ова се истите прашања цело време од било кој човек кога и да отидеш на гости било каде во земјава.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.965
Поени од реакции
22.213
Драа

Стеф ме потсети на едн стар виц.

Враќа се провинцијалац у сфој град и на пешачки некој ке га лупнаја сс афто:
- Ииииии абе извини не те видех!!!
- Дек ке ме видеш бе, три години сум уф Скопје.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.451
Поени од реакции
6.001
Мобилниот оператор А1, не дека и мобимак се нешто поарни..но рекламиве на А1 јас поглупаво и подосадно нешто не сум сретнал.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
551
Поени од реакции
1.861
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.875
Поени од реакции
6.522
Џинкс ја прогласувам за најкарактер во Аркејн. Во првата сезона ми беше трагичен лик, кој шо реално не го одобрував. Во вторава сезона ја разбрав многу подобро од првата. А буквално дејствата кој ги предизвика во првата сезона беа причина да размислам 2 пати, дали воопшто да ја почнам вторава.
Византијски палец нагоре за Џинкс.
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2022
Мислења
755
Поени од реакции
2.191
Кајги, се имам зажелено за еден домаќински однос, едно урбано понашање, со добар ден со повелете со извините, со благодарам. Со свест малку дека и другиот има одреден став за ситуација одредена, со враќање на лифтот на приземје по употреба кога се саати од крај на радно време. Толку ситни очекувани работи, а ме прават да се чуствувам како во некое аристократско предградие да живеам. Алиса во земјата на чудата, досега по зградите бев малцинство што така се понашаат и сега ми е чудно.

Обожавам пристојни луѓе со ниво на дискурс.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.055
Драга
Па денес треба да се слави лошото, односно на лошото да се гледа со добро.
Ти раскинал партнер /ка -треба да се слави
Отказ од работата - треба да се слави ,оти денеска отказ добива оној кој не знае да ,,смука.
Развод -треба да се слави.
А што добро се случува? Само животот,само тој е за славење.
Си ги гледам овие на групите ,,i love hiking Macedonia " а бе душа ми плаче,ми се оди ми се планинари ми се ебе нема до дека.
Алал им вера на луѓето!
Автоматски споено мислење:

Драга
Нема појак фраер у порното од Мануел Фереира.

А многу сакав да видам овој нашиов Византискиот шо човек е и како изгледа!

А друго,за Санта Секрет ,ми се падна да купам поклон на доктор,е шо да му купам,му купив дедо мраз...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.098
Поени од реакции
6.577
Нешто чистев по дома кога она наоѓам една кутија со ЦД-а и касети. Пошо касеташот не работи бев принуден да ги слушам само цедеата кои беа околу 30 комада но 10 од нив припаѓаа на Бест оф ејтис, издадени во 2000 година! Значи само 10 години после крајот на 80-ти луѓе имале сериозна насталигија кон тие времиња. Не попусто 1983 е најдобра година во популарната музика евер.
Од оние рандом песни кои не ги знам воошто беше и овој скриен бисер :

 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.926
Поени од реакции
8.571
Скопска епидемија на кроасан со јајце на око и авокадо. Дали е тоа новото пилешко во кари сос?

Ко ќе ми текне, пред 10-15 години, ако се меркаш со некоја во локал ко Дион и ако нарача суво пилешко удавено во хопла со кари и некое вариво од страна, знаеш дека твојата последна станица за вечерта ќе биде студентски Пелагонија во Кисела Вода. Едноставно знаеш дека ако не го извадиш на време постои реална опасност до крај на живот да слушаш приказни за колку минути се стигало најбрзо од Штип до Скопје (по стариот пат), и кој колку пати го јадел кај Лозово за брза вожња.

Топлината од калориферот ќе ти помага во пребродување на болките во кичмата од неприродната позиција со пропаднат гз во модуларниот тросед, додека збрефтаната студентка го лачи карито надвор од своите потни жлезди. По завршување на актот, собата мириса на мишка на кувар во просечен тандори ресторан, и не постои психијатар што ќе може да те излечи од тоа душевно растројство.

И додека ти се враќаш дома во комфортот на своите родители, она е оставена сама на себе да среди, да продолжи и да успее. Нека не те чуди што газела преку живи луѓе за да дојде до позиција во некое си СоПро или Телеперформанс, има она дадено жртва за да го заслужи респектот во овој мизерен град на мамини куриња што се им е тешко. Качи се сеа на бин бин тротинетот и одлепршај до следниот кроасан со рани ег сани сајд ап.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.465
Поени од реакции
39.158
Никојпат да не одете со италијанци во ресторани каде специјалитетите се тестенини.

Јајцата јапонски јаболки 2 саати. Де карбонарата сосот не бил автентичен како во на бабаму селото близу негде до Пиаченца, овој другиот пак цело време плачеше оти односот сос-шунка не бил погоден. 2 ебени саата правеа муабет за храната, а овој едниот имаше кукла за девојка и скисна на малата зема на телефон игри да си игра. Оваа мојата па се смее два пати со нога под маса ме удара да ја занимавам да не им се изнасмее у фаца.:pos:

Јас среќа во несреќа јадев макарони, кој ќе се ебаваше со шпагетите таму да ги моткам на лажицата па ќе беше и тоа тема на разговор како се јаде правилно. Кој кур јас сум селско дете, бабами Бог да ја прости со ножички ми ги сечеше шпагетите кога бев мал, ми бегаа од устата. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom