Драга,
Моите за две недели и некој ден ќе слават 30 годишнина.
Далеку се они од совршен пар, тоа никако, дури се чудам како после 30+ години се трпат. Мајка ми е оперирана од хумор, прилично нервозна и избувнува за секаква ситница, а татко ми е голем инат, тврдоглав и избувнува за секаква ситница. Нормално, и јас избувнувам за секаква ситница, тоа е неизбежно. Чудно е што брат ми не личи на ниеден од нивните карактери и не се нервира скоро ич, он ни е со најдебела кожа во фамилија.
Додека растев, основно, средно, и немав баш многу во тиквата, не ги разбирав ич луѓево. Не сакав да поминувам многу време со нив, поготово со мајка ми, со која на телефон можам да се слушам за да не се закачам, а во живо за пет минути може да настане караница. После 5+ години поминати без да ги гледам секој ден го сменив мислењето. И тие се малце искулирани додуша, ваљда дека и ние со брат ми пораснавме. А може и сите тие апчиња за притисок што ги голтаат ги релаксираат, не знам. Ја респектирам мајка ми поради сите срања кои ги поминала за да не донесе на свет, а ич не и било лесно. Веројатно сите тие глупости оставаат последици, не само физички. Колку и да сме различни и она да е скоро секогаш pain in the ass, почнав да ја сфаќам за многу работи. Не сака да прифати некои работи во кои е она грешка, али ок, нејзина работа. Татко ми пак од друга страна е многу реален човек. Гледа да ме ислуша, а кога гледа дека тој не е во право, си го признава тоа и во тие моменти се осеќам ко јас да сум родителот. Мислам дека многу личам карактерно на него, и со добрите и со не толку добрите особини. Не сме омилени во поблиската фамилија, ни тој, ни јас, зашто не сме многу фини кога пробува некој да не прави будали, а и сме злопамтила. Не мислам дека тоа ми е лоша особина уствари.
Енивеј, после моето созревање и воочување како е да живееш со некој, не ме нервираат ко порано. Скоро и ич уствари. Мислам дека сите глупости низ животот кои ги преживеале ги сплотиле повеќе, зашто во кризни ситуации неверојатно е колку мирно го решаваат проблемот. Исто имаат слични принципи според кои се водат, така што во тој сериозниот дел во животот, не се толку различни.
Не сме лигаво, емоционално семејство кое на секое си кажува колку си се сака и си се фали наоколу, али мислам дека овојпат ќе направам еден мал говор во кој би им рекла дека сум многу горда што ми се родители. После нареден пат, здравје, истото на 50 годишнина.