Драга Кајгана (виртуелен дневник)

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Кеј,

Љубов е кога девојчето ти се јавува да праша дали си јаден.

Е тоа е љубов.

Кеј, она е моето животинче <3 чувството е прекрасно кога имаш покрај себе си, личност која се грижи за тебе, тоа чувство кое не можеш да го опишеш.

<3 и да ти кажам кеј вреди да се живее за неа :*
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Абе јаден значи кутар, тажен, а најаден e веќе нешто друго :D

Инаку денеска дури седев на едно место (нема да го откријам оти ќе предизвикам политичка дебата, а форумов е единственото место во кое можам да потпобегнам од истата) начкрапав набрзина една кратка песничка. Поезија не читам, од ко знам за себе (oсвен задолжителната во средно) и никогаш не сум читал читал, така да поштено врска немам околу то чудо, само знам дека Лешо е глуп. Ама зато песнава ја спремав ко за во бенд, демек некогаш во блиска иднина група че имам демек.

Песна за животот или смртта или сеедно

Во зимска идила се напласти црн снег
се срона пред очи споменов брег
тишината гласна го означи крајот
од детското лице го одзеде сјајот.


Наредени во круг луѓе простум стојат
откуцаи на детско срце, залудно се обидуваат, бројат
под белата покривка младоста се скрила
зборува за смртта како немилосрдна била


Мајчината солза падна низ лелек од жал
го замота на вратот најцрниот шал
низ мислите празни го бркаше синот свој
осуден на пораз беше овој нејзин бој


И зората се спушти со студенкав глас
дојде времето за разделба, го најави тој проклет час
во длабока дупка го спуштија мртвото тело да лежи
снегот прекривка му крои, снежи ли снежи.....

И ја прочитав на сестра ми, демек да види шо прај братчево во слободно време. Ме опули со еден wtf поглед и најискрено ми рече-Поморбидно суштество од тебе ниту сум видела ниту че видам во иднина. Ме погледа уште некоја секунда со тој поглед (како да бараше во мислите некоја соодветна институција за да ме смести), ама ја пресеков онака братовски со едно прашање на кое секош добивам позитивен одговор-Да напрам кафе да пијаме?! И така ;) Зезнат ден денеска, зезнат со многу магла.

 
Последно уредено:

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Среќна Нова Година.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
ОнаКога фураш филм мажиште со брадиште и ти се појавува бандини-like фска на чело.

 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... activating hyper history mode: 300 страни за 36 саати.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Ах мори Кајгано,
У денешно време човек да не знае како да се понаша. Ако си насмеана, разиграна, се шалиш, отворена си... одма те сфаќаат неозбилно и ајдеее секакви понуди од прва. Мислам само сум фина бре, океј? Ако си онака малце поозбилна, со јасни намери и цели ондак си луда, чудна, премногу "мртва за твои години" и ти фали даска у глава.
Ете не знам...
И да...уште патам од несаница!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Во 9 саат излегов од дома. Сега си дојдов и начекав заклучена врата. It turns out моиве не ни знаеле дека сум бил излезен. Ете колку сум битен дома и колку фалам.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Чувството кога правиш семинарска во последниот ден, и сите инфромации со кои располагаш се на англиски, па треба да преведуваш на струмички и на крај на македонски.Сега чити тон литература , па подвлечуви што тие потребно па преведи, и напрај семинарска од 12 страници.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
@Cassaro имаш 10-че за филмот што го препорача :icon_mrgr:
Disconnect, дефинитивно вреди да се погледне. Ако за нешто сум среќен што живеам во земја како Македонија, тоа е што сме мртви на поле на технологија и сеуште не сме такви зависници од технологија, оттуѓени едни од други. Мада, како тргнале новиве родители, давајќи им апарати од најнова технологија на своите деца уште од мали, само за да не ги замараат, ќе дојде времето кога ќе пораснат децата и ќе снимаат се што прават преку ден и нема да прават муабет ниту со најблискиот сосед. Затоа им се улиците празни после 8 саат, сите во кревет, полициски час :masa:
Тешка зависност предизивикува интернетов, нема лек за никој од нас, работава е да не забегаш тоталка :icon_mrgr:

Него кајги, ги изгледав новите 4 епизоди од Дигимон и едвај чекам да излезат новите :icon_mrgr:
Во глобала се што порано ми било интересно и сум пуштил да го гледам после долги години, ми било тешка тиња и сум се чудел како сум го гледал, ама од икс причини новиве епизоди на Дигимон направија да се наежам до максимум :icon_mrgr: Моментот на дигиволвирањето за миг ме врати во времето кога ја вртев Дигимон кецот на сони, кога толку бев заљубен во серијата и играта што навистина верував дека од некаде ќе најдам свој медаљон :icon_mrgr: Додека одевме по скали во школо, очекував од секој момент да ми засвети нешто на ѕидот :icon_mrgr:
Има нов избран лик во серијата, дигимонот му е мачка, си го грабнав Томислав и си викам ех и ти да беше Дигимон. А можеби е? :icon_mrgr:

Кога сме веќе кај Томчето буцандерско, клипов е како нарачан за него :LOL:

Вакви сме преку ден :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom