- Не знам дали е до амортизираната јетра, дали е до годинките, дали од двете по малце, или од тоа што алкото во последно време личи на сe' само не на алко, ама се' почесто имам тегобни нус-појави кои ме држат и по два дена. Да им се мочам на бугарско-небандеролосаните-шипртусоиндни-суицидни ликвидни супстанци шо ни ги точат по тоа крчмите и дупките АКА клубови.
- Ако горенаведеново ме кошта еден ден (а знам дека ќе ме), тогаш дупло посигурен сум дека Анџа на Андрија ми го продолжија животот за 2 години од смеење овие денови .. А тек сум на пола. Так' да, нисмо у тоталном минусу. АНЏО БРЕЕЕ, Феџица, Медоња и остала багда - капа доле.
- Јес да Suicide Squad ми е most anticipated филм за догодина, ама после трејлерот, ептен се хајпнав за Civil War. Повеќе од шо треба. Цел викенд гледав трејлер брејк-даунс, читав трачеви-шпекулации околу приказната, дури стигнав и до ликнати сценарија. Па и кога слушнав дека во ќе имало Spidey vs Cap fight scene .....
- Ако го положам испитот пред Нова Година, неофицијално сум магистар. Бос магистар, да ми личи дома само и да закачам још једна у низу официјална и објективна потврда за моите вештини и познавања. Nice. После 50ина испити поминати од областа на економијата, се осеќам како Jack of all trades, master of none. Тоа ќе ми остане како најголемо достигнуче за оваа година. Пукнаа другите конци ..
- Нова Година (пак) нема каде да се слави. Лани ми беше криво, сега не знам како да се осеќам по ова прашање .. Уствари тврдња.
Тоа е у кратки црти мала. Одам да си го пуштам Age of Ultron, ми треба супер-хироу фикс.