Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Се извинувам што каснам професорке,може да влезам? Трауми од детството.Од друга страна дојде месецот на кошмари и подочњаци.Дали има некоја друга особа што сонува минимум 5 сона со различна прича секој ден ?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
ДК,

Вчера тркнав до читална на ФЕИТ да поучам нешто за сертификат и не можам да ти ја опишам миризбата што се ширеше во читалната .....

Буквално на самото стапнување во читална почнав да се препотувам од тоа што немаше воздух и смрдеше на чорапи после 3 партии фудбал у мали патики.

Убиство од прв степен .... и ја будала уште се распакував и упалив ПЦ демек ќе сум учел .....после 5минути ми се ресетираше мозочево и си отидов дома на учење xD
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Д,

сите се жалат дека не го бива воздухот во градот, никој не сака да направи промена.
Еј баш звучам ко edgy тинејџерка која се бори за подобар свет и почиста околина. Само што јас не можам да направам промена.
Кога сме кај чиста околина, јас сум шеф. Хех.

Факт е дека премногу луѓе возат коли, еден по еден и тоа претставува голем дел од загадувањето. Ама седнал некој да размисли колку ни е лоша инфрастурктурата и јавниот превоз ?
Со кола, од Центар до Радишани ми требаат 20 минути. Со автобус саат. Со точак саат ипол, ако преживеам до пола пат.
А во Радишани, од сите што ги знам вкупно јас имам потреба да идам.
Да имавме метро, ќе ми требаше помалку од 10 минути да бидам таму. И ќе го користев.
А сега ? Сега како да користам јавен превоз ? Имам обзир за околината, имам обзир за сите. Навистина. Ама немам време.
Може некому му чини како мала жртва, ама хронофоб сум. И уморен сум.
Имам 4-5 часа слободни дневно, од кој 1-2 часа ми минуваат во варење кафиња, спремање и јадење храна, туширање и слично. Што значи дека ако патувам 2 саата со автобус дневно ќе имам време само за вршење на основните физиолошки потреби. Без секс. Тоа само на викенди.

Не е ова изговор нит правдање, себично звучи, јасно ми е.
Ама фак ит. Ми доделиле лимони, не можам сок од јаболка да правам.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...


... денес првпат го гледам ова. Ништо друго во животов не ме наежило толку и ништо друго нема волку да ме наежи.

„Затоа што гледате дека светот оди за нигде...“

Не знам што да кажам. Ете зошто не постоеше и нема да постои подобар од него. Човек.
 
Член од
27 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
36
Најинтересни ми се дискусиите за луѓето кои не зборат многу и другиве се обидуваат да им ги откријат причините за тоа. Дали ќутат дека не им е интересен муабетот и размислуваат за нешто друго, си го чуваат знаењето или едноставно не знаат да склопат две реченици.

До одреден степен сум интроверт и мразам безначајни разговори, ама ако се започне тема за која сум заинтересирана, тогаш нема да престанам да зборувам. И не, интроверт не е срамежлива личност.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Два дена уште не проаѓа кашлањево. Пијам Хербион ама требало демек 3+ дена, коцкарка некоја фармацевткава :D Туку неважно ова, вчера до толку се изнервирав што не можев да заспијам од кашлањето, во 4 саат зедов ставив перница, се подисправив и така заспав, како Тутанкамон :lolzz:

Nasty stuff, ај да видам што сте му направиле на форумов денес :D
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,

Никогаш во животот не научив да прифатам комплимент или пофалба. Без разлика дали се работи за физички изглед, карактер, добро завршена работа или било што друго, секогаш ќе се збунам и ќе треснам некоја глупост што ќе направи да звучам или како самобендисана или како малоумна и искомплексирана. Едно обично „фала“ е доволно глупачо!!! :facepalm:

Исто така никогаш не научив како да реагирам на изненадувања. На било која нормална девојка некој да и приреди романтична вечера со свеќи и вино, ќе се изненади, ќе се разнежни, расплаче... Џинџер 10 минути ќе зјапа во празно, ќе проба да одглуми изненаденост, ќе го испие виното (штета е да пропадне трудот) и во меѓувреме ќе се обидува да смисли изговор да избега што подалеку од таму. :tapp: Сакам романтики, не дека не. Ама повеќе сакам јас да сум таа што ги приредува. Едноставно уживам да разгалувам некого. :love:

Деновиве паметот ми е на сто различни страни, порасеана не сум била никогаш. Деновите ми летаат неверојатно брзо, не стигнувам да направам ништо од многуте планови што ги имам. Изгледа е време да успорам малку и да си ги средам приоритетите во животот. А време е и да почнам со новогодишно украсување. Кај мене новогодишниот дух се чувствува од почеток на декември до почеток на март. Единствено што мразам е самата новогодишна ноќ. И неизбежното декемвриско прашање „Кај за Нова година?“. На Марс. :kruna:

Кога сме кај Нова година, нека ме потсети некој кон крајот на месецов дека треба да си сменам ник. :D Тенкјуверимач.

Бај бај,
:цицки:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Драга,

Толку сум си комфорна во времето што си го поминувам сама, што почнуваат луѓето да ми пречат. Не ми смета да муабетам со луѓе кои имаат што да кажат, да научиш нешто, интересен муабет да скршиш, дури и само да слушаш. Иаме подалечен роднина што дојде на гости летото еднаш, човекот толку фино си муабетеше за неговата работа, што јас саат време утепав слушајќи го како во фабрика одгледуваат домати. Освежение у пм.
Се исклучувам со други луѓе вака што повремено се гледам, пред се зашто ми е скурчено да ги слушам како ги малтретирале на работа, како со дечкото не знаеле на што се, или што боја на палто е задолжителна оваа есен.
Си купив сложувалка пред некое време, ме привлекоа кога ги видов. Уште еден вид на занимација де. Од 500 парчиња ја наредив за ден ипол (без ничија помош!), па почнав да вртам видеа за како да ја залепам, урамам и почнав да мислам кај да ја закачам. :D Дефинитивно сум била потрпелива од што сум мислела, па затоа деновиве бар уште две се мислам да купам.
 
A

Antigona

Гостин
Кајги,

Запознав една женска од Барбадос , многу фина и друштвена . Бевме излезени со колеги од работа па муабетевме околу ноќниот живот таму и музиката. Ми ја препорача пеачката Алисон Хиндс на чии песни се денсало таму.
И еве сега цел ден слушам некоја таква музика. И не само тоа туку и на booking.com проверувам цени од хотели и резорти во Барбадос.

Ајде да денсаме Кајги - feeling exotic :pipi:

 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Нова пара за во мојата колекција. Ова е Египетска фунта (EGP) иако не е унц секако е пара со убави бои и исто така како жиг го има Тутанхамон. На предната страна е кралицата на Египет Нефертити. Интересно е што има два жига пд кој еден е Тутанхамон а другиот е црн жиг и напишано нешто на Арапски.

П.с ако има некој кој разбира арапски не е лошо да ми каже од која година е парата.

DSC_0008.JPG DSC_0007.JPG

П.с следна дестинација е Виетнам и др. Конго. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom