Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.265
Поени од реакции
37.964
Иако е 23 години постара од мене, да сака сега одма би ја оженил Драгана Мирковиќ.

Бабоеб, Макрон, некрофил, абе како сакаат нека ме нарекуват ич не ми е гајле. Ја обожавам жената, заљубен сум во се што претставува.:love::love::love:

п.с Прилепски пица гуру поштеди ме од глуп коментар.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.574
Поени од реакции
11.481
Добро што спомнаа дена денес било празник т.е му ја отсекле главата на Св. Јован.
Настрана што концептот за слави, имендени и празници е тотално погрешен, замисли ти ја сечат главата или те измачуваат и умираш на некој страшен начин.
Стотици и стотици години подоцна, луѓето на Балканот:
* јадат и пијат до бесвест :pijanco:

Светецот што го измачувале и убиле:

1ae8bcdcef865fe7a50e34148c8cb1ce.jpg
 
Член од
23 август 2024
Мислења
197
Поени од реакции
391
Што им е заедничко на боречките вештини, филозофијата, AI и психоделиците, и зошто една група на луѓе се интересираат само за овие четири навидум некомпатибилни нешта?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.614
Поени од реакции
33.981
Баш сега сум во Парис за АИ воркшоп, но тоа е поради работа што треба да имплементирам поради оптимизации. Освен стручни материјали годинава приватно ја прочитав Life 3.0. Ако одговорам под пиштол, не ме интересира АИ до толку колку што имам генерална љубопитност за технологија и нејзини крајности. Најверојатно поради мојата сајфај фасцинација.

Наркотични средства поради животот во Амстердам. Ако повторно одговарам под пиштол, немам голема заинтересираност за тоа само по себе, но тука е лесно, сигурно и мислам е искуство што треба да го имаш во животот ако си ментално стабилен хаха како мене. Како стареам не можам веќе шотеви не пак журки. Но, како и другите клишеа, ајуаска би ако можам пред 40.

Философија, без пиштол овој пат, си сакам. Препознавам патерни интуитивно и ми е интересно да доаѓам до крајни вистини па затоа невообичаеноста на човековата психа вечно ме фасцинира. Имам изгледано илјадници филмови и серии на таа тема, годинава повторно го читав и Достоевски, за само да дојдам до нешто хардкор човечко, нешто што не се среќава во офлајн животот а го архивираме во разни медиуми.

Е сега, ММА ни под пиштол не би гледал бидејќи спаѓа во спорт кој не е Е, но заспивам со Роган религиозно па мора поенот и за ова да ми го дадеш оти еби се. Иако е повеќе поради стенд ап движењето. Protect our parks!

Не знам која е поврзаноста што прашуваш, но јас вечерва си го преиспитувам животот поради рандом пост во виртуелен дневник па кажи ако друго те интересира. И мене ме интересира.

Хеј Џес,
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 август 2024
Мислења
197
Поени од реакции
391



Поздрав до сите Милици, Јелени, Букви, Сајрус Мајли и Сајли, Лани и Мани.

Вистинската уметност оплеменува, те прави подобра личност, шундот те трга спрема дното. И нема бегање од ова.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.351
бугарофилијата е најголемиот шунд на векот. Пошто бугар е самото олицетворение на дното.

Од другите вести кеј, мудроста за денес е, на онај на кој му е полна устата, најчесто му е празна главата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.347
Поени од реакции
37.133
Кајг,
денес на една случајна средба, таман на ивицата на тротоарот со намера да се премине улицата, дотичната особа ми рече:
- Де мор, бјонсич, што туку се вртиш на двете страни кога улицата е еднонасочна!
... дотичната особа, таман да исчекори од тротоарот на улица, од спротивната страна на движење на едносмерната улица пролета буквално тротинетот возен од некој во смокинг што за милиметар не го сруши мојот соговорник!
-Ете затоа се вртам на двете страни!

... според мое мислење да се забрани користење на електричен тротинет во МКД исто како во Холандија, затоа што ние не сме сеуште тоа ниво на свесност за почитување на сообраќајните знаци, правила и коректен однос кон други учесници во сообраќајот!

...кај нас електричен тротинетот во движење е најопасен и за пешаците и за другите возила, а богами и за самите возачи на ел.тротинет, затоа што нема никакво правило во нивното возење, се движат како сакаат, каде сакаат и на секој пет минути имаат улога и како пешак и како возило, немаат никаква заштитна облека, кацига, а се движаат со побајаги поголема брзина од дозволеното како на тротоар, така и на улица, не почитуваат семафори, сообраќајни знаци во дел на секунда се однесуваат како пешаци, за да потоа по одалечување од неколку метри повторно се однесува како возило, а тоа што дополнително пренесуваат товар, возат второ лице и деца или возачи се малолетни да не пишувам!

9Ux_c-.gif
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
902
Поени од реакции
917
Драга,
денес си ги сфатив грешките што сум ги правел за време на пост, згрешив денеска господ нека проштева.
Ах, камо да не постоеа луѓе кои лошо мислат, после младите излагаме нервозни, ансиозни и со лоши мисли.
Зошто, Боже, допушташ околу нас да ни кажуваат лошо и после тоа на нас како личности да влијае?
Многу ми е жал за се до сега, несоодветно се однесував, но одлучив да се подобрам, колку човек повеќе си ги сфаќа грешките, така може нешто да смени. Господ рекол - Не ја сакам смртта на грешникот, туку да се обрати и жив да биде.
Дајте луѓе, сменете енергија, сменете на позитива, пронајдете си го внатрешниот мир, направете среќа да заблеска малку во овие лоши времиња. Блескајте пред нас младите, не уништи ова општество и демократизам.
Дајте мир, предајте му ги грижите на Господ, тој не гледа и знае се што ни треба, оттргнете се барем еден час од грижите и припуштете му се на Бога.
Сакајте се повеќе, за ние младите да не се чуствуваме осамени!
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.971
Поени од реакции
11.031
Среќен Мире, каде и да си, се надевам конечно го најде својот мир.
Еден од ретките јутуб канали и воопшто интернет фаци кои вредеше да се следат.


Иако го следев каналот од сам почеток, дури и тој стариот кој му го затворија, сепак не знаев дека Мире наш е роден на истиот ден на кој и јас славам роденден.
Веста ја дознав откако почина.
Не ми ствара тоа терет, напротив, животот е убав особено за мене во овие години - но, ме потсеќа колку е истиот краткотраен, бизарен и непредвидлив.

Ако ништо друго, од лани, знам дека го делам роденденот со голем човек од овие простори и ако ништо друго колку год да ми е денот убав (а секогаш ми е, бар досега) се присеќам еве втора година по ред дека премалку обрнуваме внимание на оние кои можеби потајно ни кажуваат дека им треба помош.
Преретко им посветуваме целосно внимание, сè некако е набрзина, во трка со времето, во трка со себе си - а блиските не секогаш сакаат да не обременуваат со нивната тага, нивните проблеми, бремето кое им тежи на плеќи.

Многу луѓе ќе се пронајдат себе си во депресивен период, во анксиозен период, во период од животот кој наизглед за нив е безизлезен и на таквите луѓе ретко им подаваме рака заради наша некоја презафатеност или едноставно прашање на карактер, наша самоизолација од останатите (макар и блиски).

Откако Мирко почина курогот околу мене иако е тесен сепак го обиколувам почесто, поставувам прашања или едноставно гледам да сум присутен макар и кога ќе треба нешто да се преќути но сепак да се биде покрај некого. Така можеби ќе помогнам, ќе земам дел од тежината или ќе тргнам мисли на момент од бурното секојдневие. Не им кажувам директно пошто не сакам никого да загрижам, сепак ги барам и убаво ми е кога ќе ме бараат, ако ништо друго гледам дека на обострано задоволство е - секогаш.

Нека ти е светол патот Мире, дури и кога не си меѓу нас учиме по нешто ново од тебе. Слава ти.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.148
Поени од реакции
1.025
Драга
Кој си знае и осетил на своја кожа ,и оној што не знае...
Нема нешто помоќно од постот и молитвата.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.535
Поени од реакции
17.946
Два планинарски викенди ми пропаднаа.првиот ради лошото време:(.Првиот прошла медела на Мусала ајде така и така.Ама денеска на 5 сата од тргање на Олимп и те како ми го сјеба викендов.Ама ајде господова работа тука ништо не можеме.А и е не пријатно да бидеш у кулуарот на Митикас кога имаш ветер од над 60км на сат:)
 
Член од
23 август 2024
Мислења
197
Поени од реакции
391
Отидов пред некој ден да барам активен карате клуб во градот. Најдов една девојка вработена во салата и ја прашувам дали сеуште постои клубот, ме гледа и ми вели, за децата ваши прашувате?

Си заминав малку издепримиран, и решив дома да си вежбам, сам. :D Инаку, после првата сесија сфатив во колку очајна форма се наоаѓам. Четири години закован пред компјутер, со минимална физичка активност, смрт за духот и телотото. И не е работата дека немав време или услови, туку инерцијата убива. Мрзата и инерцијата се најголемите непријатели на човекот.

Одамна не сум почуствувал толку волја за живот, се чувствувам како да сум на неговиот почеток, иако со годините сум далеку од било какви почетоци. :) Кога имав 20 години и размислував за луѓето на мојата денешна возраст, си велев, зошто сеуште живеат? Каков мотив можат да имаат?

Младите луѓе, дури и најпаметните меѓу нив, во основа се многу глупи.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom