Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
21 септември 2011
Мислења
690
Поени од реакции
2.010
Драга

Тотален пресврт со времево.

Понеделник очекувам пуштено парно греење во ОУ "Киро Глигоров".

Вторник ако нема, не го пуштам Андрија на школо, не сакам детето да ми дојде размрсулавено и настинато

Среда патуваме за Копаоник.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.866
Поени од реакции
10.063
Ебате државата ....пуууу :facepalm:
Веро кубури со персонал, па сега бара пензионери кои што ке сакаат да работат.
Станавме држава на старци, а тие млади што се тука или сеуште учат или па нејќат да работат за мали плати.

Баш ме занима колку пензионери ке им се јават на огласот.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.350
СРЕЌЕН.
Неможев да се опуштам, да седам в место,
и да и дозволам на светлината да ме погали по скутот.
Испеав химна, за да ми донеси мир, а со неа дојде мелодија. Се почувствував толку слатко и така јако, ме натера да почувствувам дека и јас, припаѓам. И сета тага во мене, се стопи ко да сум - слободен. Најдов она што барав во себе - најдов живот вреден за живеење, за некој друг. Никогаш не мислев дека јас би бил среќен.
Не излегувам многу, или воопшто. Не сум ни типот, кој би се јавил.
Сватив дека за да сум среќен, можда ми треба, малку друштво. И сега знаеш, знаеш се - дека сум бил очајно сам. Не сум ја нашол правата за мене. Но, јас верувам во божественост.
Јас верувам во можности.
Јас верувам дека некој внимава на мене.
И на крајот од сето ова, јас најдов начин да сум среќен.
Од гратскиот бетон па до брегот, јас го барав божјиот дух. Исто како кога земјата и морето се спојуваат? - така и среќата ме следеше мене.

И конечно најдов начин да сум, среќен. Среќен. Среќен.
<3 Марина Дијамандис


Идила на Фредерик Леијтон
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.765
Поени од реакции
8.269

15 септември, нека е честит денот кога народот беше седнат на самар од мазга. Ај тоа не беше доволно, па папата ни го ували и муртинското копито.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.350
Маријо моли ја поротата на судот божји, да ми прости, за гревовите викендашки, ил тие на мојот скршен ум.
Туку со есенва иди бран термални води на мојата кожа. Сликата е од ланското отварање на сезоната. Затоа така сребрен. Оваа сезона ќе им одам со тен линии, пошто само глутеусот е останат сребрен, се друго е бронзено.
И јас нејќев да се разбудам со Византиска слика во Недела, ама ете. :X3: Периодов премногу време во рацеве (се гледа по темава хаха). Од понеделник ко ќе ми текни колку имам за работа, ќе сум на солиден форумски хијатус некој 2 или 3 недели (валјда) хаха. Че одморите.

Автоматски споено мислење:

Хаштаг, Европјани? че има нови слики зимово од термите на Хотел 71532, во источниот кантон. Ако ве има, да се дружиме?

 
Последно уредено:

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.498
Поени од реакции
2.158
Бреј колку брзо ми помина одморов, летнаа три недели. Сезона на ѕиври incoming а, фак јеа. Да можеше само 365 дена у годината да е вакво облачно, тмурно, 25 степена макс. Моето второ најомилено годишно време.

Да се пофалам дека го гледав "Битлџус" пред некој ден. Пет евренца, жглап. Мафијаши. Не е битно дали е подобар од првиот дел, битно Тим Бартон е режисерот. Винона ми е поубава сеа од пред 36 години.

Туку се шетам ја низ ГТЦ вчера и шо ми требаше да се заглеам у една музичка продавница, видов дека имаат шољи за кафе, постери и плочи од Лизи Грент. Сеа ќе морам пола плата да ја остаам таму. Плус имаат и маици од Слипнот и Бејтори. Ќе се почастиме за почеток на школска година :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.771
Поени од реакции
22.796
Сакаш да креираш фејсбук страница која ќе биде популарна за потоа да можеш да ја продадеш на некој помал бизнис но не знаеш како?
Лесно е.
Име на страницата - Македонија, Александар Македонски, Античка Македонија, Потомци на Александар и слично
Објави - слики од Скопје 2014, Охрид, ВЕП обединета, Александар во црвено жолто.

Загарантирани повеќе од 2к реакции и повеќе од 1.5к коментари на секоја слика.

Follow me for more tips
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.345
Поени од реакции
37.130
Кајг,
додека одам така внимателно на тротоар онака цик цак движење за да го избегнам можниот кучешкиот измет, на тревникот гледам куче скитник како бара место позади грмушка каде ја извршил големата нужда и пред да си замине со задните нозе ги направи тие највероватно природни рефлекси да земјата ја ископа и расфрли над какашките, скитник скитник, ама има манири кучето бездомник, браво!

Screenshot 09-15-2024 14.17.26.png

...спротивно на кучето скитник, не знам колку кучиња миленици видов како својата нужда ја прават каде ќе се најдат и тоа најчесто среде тротоар, а сопственикот само ќе подзастане без око да му трепне и ќе продолжат понатака со оставеното пресно гомно сред тротоар!

... па размислувам, ај нема култура сопственикот, ама како е можно да дресирано куче миленик нема таков осет како куче скитник да нуждата ја направи некаде во грмушка или трева и потоа со ножињата испрети земја да си го покрие сопственото гомно кога веќе сопственикот(чката) не го трга погледот од ајфонот без да го интересира дека на тротоар има пешаци и не е тоа алеја на кучешки какарешки (читај гомна)? :mad:


...ретко некој сопственик кој има куче миленик ги собира остатоците на кучешкиот измет од тротоарот додека го шета во било кое време на денот, затоа мислам дека е редно институциите и кај нас да постават знаци на тротоарите за обврската на чистење изметот после миленикот со соодветна казна ако не го сторат тоа!


images.jpg stock-photo-person-picking-pet-dog-poop-droppings-street-plastic-bag.jpg
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.946
Поени од реакции
9.209
Едно од најголемите уметнички дела на ова време у кое живееме....нема никад да ми здосади.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom