Драга, 16+ години откако се зачленив. летна времето.
Но, не е тоа поентата.
Мислам дека веќе е повеќе од евидентна твојата да речам дееволуција и своевидно објективно пропаѓање, полека полека скапување.
Гледам многу луѓе овде кенкаат и плачат по некои постари времиња, но забораваат дека тогаш сите беа дечишта со повеќе време, веројатно сега сите горе доле начукаа 30ка па и повеќе. Плус, тогаш не земаа замав социјалниве мрежи и ги немаше еден тон како што е случај денес.
А и секако, луѓето се променуваат и генералната популација веќе не е желна за, да речам темелна дебата, туку све стана површно, за жал. Хехе, хаха, тролање и хејтање, се тоа у рамки на својот меур на размислување/идеологија.
Но, пак те сакам, и покрај тоа што се накотија 1 тон луѓе кои се сеприсутни, дежурни експерти, политичари и тн, ликови кои натепале мислења, чисто колку да се пише нешто.
Јас, искрено никад не сум бил од тие, иако во овие 16 години имало ситуации кога не сум се уклучувал и не сум учествувал у дебата со месеци.
Се си има ups and downs, реално, да не се лажеме многу често ради технички проблеми те снемува неколку денови, и тоа е доста потценет факт како дел од твојата "дееволуција"... Јбг, таков е векот, мора да си цело време он, за да имаш user retention. Али мислам дека после задниве неколку "паѓања", онака, кога гледам ретроспективно - веќе не си иста. Можеби јас сум имал розеви наочари и тоа што се случува со години не го приметувам, ама мислам дека да, после задниве паѓања најевидентно е дека ситуацијава е штама на форумов in general.
Реално и таков стана светот некако, никој со 3 грама свест не сака да се расправа за банални глупости со некој радикално спротивен од него, губење време е. Ептен некако у задно време има такви различности меѓу луѓе, што е невозможно да се најде некој middle ground. Сите си живеат во својот меур и тоа е тоа.
А и никој никад у 30+ годишната историја на интернет не рекол "Еј да брат, во право си".
Што е најтрагично, може и ова е мое субјективно искуство, ама, многу ретко кога ќе се влезе у некоја дебата, луѓево вистински го читаат и го перцепираат својот соговрник. Ретки се веќе таквите, и со нив е стварно уживање да се влага у дебата. Туку најчесто е "ќе биде по мое/ќе бидам јас у право па што сака нека биде/глава у ѕид/лечење фрустрации/чекај сеа чичо да ти каже" его трипови. Ќе мењаат тема на разговор едно 20 пати, само за да испаднат у право. Ќе игнорираат тоа што ти сакаш да го кажеш, ќе вадат од контекст и такви некои его причи. И зашто ја би се замарал да си трошам време да влагам у дебата со некој што воопшто НЕ сака да го исперцепира мојот став. Не само што не те исчитува до крај, туку не ти го валидира ни ставот, што е спротивен од неговиот...
Што знам, можеби и јас у последно време почнав да го сфаќам "сериозно" форумов и затоа сум у таков некој период.
Сепак, како што кажав, пак те сакам, и каде и да сум во животот, пак ќе те посетувам од време на време, макар и 3ца останале овде. I owe you that much.