Пред 3 години, млад Византиец слезе од возот во Хановер, северна Германија. Се упати кон својот Хотел, соба со картица на 7ми спрат. Се испулив од прозорецот, спротивно од булеварот, некој Грк го беше спружил синото им знаме низ цел балкон - Типично! си реков, и се издишав ко без душа и без волја.
После 2 недели, ислушување пред комисија (во која дел беше и градоначалникот на Хановер), мојот Универзитет беше официјално признаен во Викиншкиот Реалм. Вечерта пред да си одам од Хановер, испешачив низ цел град, се прибрав пак во својата хотелска соба и ја рокнав песната од Лана подолу. Па со колку убава реченица ја отвара..Замисли ме како гласно сум ја пеел? ЗАМИСЛИ??!!!
NOT EVEN THEY CAN STOP ME NOW, THEIR HEAVY WORDS CAN'T BRING ME DOWN. BOY I'VE BEEN RAISED FROM THE DEAD.
EUROPEAN DREAMS CAME TRUE SOMEHOW.
Како што ми ја подаде дланката градоначалникот за честитки и поздрав, мене ми беше јасно дека конечно ќе почнам да живеам, а не да преживувам. Во моја чест наздравив вечерта, со еден другар од Србија. Ретко кој би го преживеал тоа што го преживеав јас. Уште поретко кој така маестрално ко мене. Бог создал ремек дело ко се намачил со мене, фала му.