Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.870
Поени од реакции
6.497
Таа можеби е Романка и пее за Бразил, но, НО, нО, одбојкарките во спотот и се Гркињи. За нив само еден коментар и тоа буквално како најголемио мрсник шо можите да го замислите кај шо и коментира на некоја лепотица на фб - браво, под сликите. Хаштаг Бизантијки.


Браво.
Автоматски споено мислење:

Се сеќавате на кравата во претходната Банка заради која бев заминал? На ја, се слушна дека че и даеле отказ.
Се сеќавате пред една година едно дртало ко ја судеше Гвинет Пелтоу? Наводно се удрила во него при скиење на Аспен. Како и да е, процесот траеше неколку години, и тој и таа се оддадоа во пари по адвокати, а тој се надеваше дека сите тие пари ќе им ги плати на адвокатите пошто од неа бараше милионска сума оштета. Лонг стори шорт, судот одлучи дека таа не е крива. Кога заврши судењето, таа му застана зад уво и славно му рече - I wish you well.

И јас така, ако некогаш ја сретнам мифката од претходното работно место. Скроз Гвинет вајб денес.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.867
Поени од реакции
9.928
Со Костич сме во Дукат, сркаме телешка чорба и пиеме жолта тиквешка, подоцна околу 13:00, 13:20 часот планираме да продолжиме во Порта Паб, кој сака да не части по едно крафт пиво нека повели.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.168
Поени од реакции
25.885
И Иван Вазов, еден од најголемите бугарски поети бил во Истанбул далечната 1872. Еве што тој видел таму и како го опишал тоа во поемата “Един к’с от Цариград”

Тук мјаркат се пред твоја взор
и се кр’стосват безразбор:
и мјуслиманин добродушен,
и гр’к фудулин и лукав,
и б’лгарин’т малодушен,
и македонец честен, прав,
и работливијат арменец,
и образованијат френец,
и анадолец груб и прост,
и мр’сниј, лошав арнаутин,
и спекулантин’т чифутин,
и черн арап с’с сплескан нос
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.640
Поени од реакции
9.876
Млада ромка трудна, се породила во болница, слушнале нејзините дека се дава помош од државата, туѓа нега (а тоа е за болни стари лица и лица со посебни потреби над 26 год) и некако си поврзале дека за оваа што се породила треба да бараат туѓа нега. И бараат барање, а зошто? Па се породи. Е како се породи а барате туѓа нега? Е така се породи, и пукна козињакот како се породила, е така се породи. (водењакот)
Ај нека им е среќен денот. :LOL:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.640
Поени од реакции
9.876
Драга кајганке, не ја разбирам упорноста со профилите, сака да биде тука, а прави глупости да биде баниран. Па зошто не си седиш мадро кога веќе гледано по таа упорност, очајно сакаш да си тука, што си правиш само безвеза компликации? И како не ни било јасно како некој можел да направи нешто. Ете, седум дена 7777 профили отвори, сите банирани и упорно нов и пак глупости и пак и пак и да ти се сврти во глава веќе. Па кај наоѓаш толку време бе друже, па кај ги измислуваш тие никови, па и на секој и аватар ставен... Секоја чест. Ааа да да, да проверуваме кој бр по ред е профилот, може ќе влеземе во гинис.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.075
Не најозбилно, у шо филм се влезени тие кулинарските емисии? 5 гревови собрани од улица, и 1 самопрогласен world class кувар. И сега нешто готват они за него, па он пробува додека овие се тресат како курви чекајки дали ќе му се свиѓа тој листот од палма распослан на цела чинија со едно минијатурно ќофте у сред и 3ипол зрна ориз.

Па он пробува и право го пљуе у салфетка, и почнува да се дере ОВДЕ ИМАШ 2 КАПКИ ПОВЕЌЕ ОЛИИИВ ОООИИЛ, ТИ РЕКОВ ТРЕБА НЕЖНО СО ОЛИИВ ОООИЛ. :pos: :pos:

Кој бре прати вакви небулози на тв најозбилно?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Фанови на фудбалски екипи од Премиер Лига:
Едвај чекам да дојде трансфер периодот, за да купи мојата екипа некои играчи па да се подобриме за следната сезона

Фанови на фудбалски екипи од Серија А.
Едвај чекам да дојде трансфер периодот, за мојата екипа да може да позајми некои играчи па да се подобриме за следната сезона

Фанови на фудбалски екипи од Арабија и САД:
Едвај чекам да остарат некои од фудбалериве што газат во Европа, па да може да дојдат кај нас за да се подобриме


Фанови на фудбалски екипи од Македонија:
Едвај чекам да дојдат изборите, па да видиме која партија ќе дојде на власт, па да видам дали на власт ќе има партија што ќе ни помогне или одмогне и дали ќе помогне или одмогне на екипиве од албански етникум, па можеби и ќе се подобри или влоши ситуацијата за следната сезона во зависност од резултатот на изборите
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.640
Поени од реакции
9.876
Одам често на гости кај една моја баба, подалечна, ама зошто мојата веќе ја немам, си ја пополнувам празнината со неа.
Проводаџии. Гледам и јас со неа што да правам. Стар ерген, селска фаца, околу 50 години, сакал од 30 до 50 да му најдат жена. Чекај му викаат во кафана сега ќе ти донесеме невеста.
Таа 44 години, никогаш немажена, сакала на село да живее, и ги погодија, па ќе ја носат сега кај овој, а тој купил и цвеќе и се дотерал.
Доаѓа оваа, оди кај него и кавалеров и вика аааа ти не ми личиш на 44 години, повеќе и од мене имаш.
Замисли бе некој така да ти каже. На жена се кажува ли тоа? Таа му вика 44 имам, тој се запнал а не најмалку 50 си ти, ништо, мене ќе ме зафркавате, најдете си друг за зафрканции, замина со се цвеќе, остана оваа усрамена... Чекаше 24 годишна ова дрталото изгледа.

Сега дур пишувам си викам ееејј до каде стигна мори девојче, од, Кубрик, од Арџенто, од Хичкок, од Куросава, Линч, за Проводаџии стигна да пишуваш. Ама ај да не бришам се намачив баш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom