Некој што ти направил зло со умисла кое и те како ти влијаело на квалитетот на животот од сите можни аспекти, толкаво зло што да раскажеш нема да ти веруваат, и кога тој некој сите тие години живее квалитетен и среќен живот, исполнет и мирен додека твојот поради него е обратен, во секој случај ќе се осетиш во најмала рака разочаран, не му посакуваш никакви несреќи и слично, не сакаш да поминува лоша судбина, него ја сакаш правдата. А правдата што би била уствари кога времето не може да се врати и касно е за менување? Устварии тлееш некоја омраза без да знаеш дека го мразиш, некое чудно чувство.
Тек денес дознав дека таа личност пред 6 месеци починала на денот кога и се родил првиот внук.
Искрено, не ми падна жал. Воопшто.
Ама не се ни ситам на тоа што се десило. А обично сум емотивна за сите. За оваа личност не. Ама не сум ни рамнодушна.
Дали кога е касно за правда, кармата е уствари потсвесно она што го посакуваме како правда? И дали правдата е задоволена и се се враќа дупло и на толку брутален начин?