Драга, можда и не сум најпаметна кого ќе изберам.
But oh my, не да знам кого треба да одбијам. И тоа е некој чекор, што.
Има еден тука со месеци се врти, ама некое gut feeling секогаш ми вика да го одбивам, однадвор кога ќе погледнеш, убава фамилија, океј конекции, високи амбиции, згоден, би ми рекле грл дали си нормална, но...
Ме напињаат другаркиве, што бе едно кафе напиј се, нормална ли си ова она.
Се напивме кафе, нормално не на само, во присуство на едно 4 други луѓе да биде буквално излегување во друштво затоа што освен запознавање, не сакав на каков било друг начин да се очекува од мене што било друго. Јас само анализирам и берам податоци. Такав ми хороскоп.
Покрај стабилната досадна професија во којашто не врши дејност моментално оти нели досадна му е на господинот, писател (му ги иам читано необјавените кратки раскази стварно е супер) и по вторпат ќе си ја проба шансата во кинематографија.
Ќе бил режисер. Ми покажа еден ракопис така. Фино, андерграунд, стварно го бидува детето, иако жанрот не ми е мај кап ов ти, што го осети и молим те, се навреди контето, иако директно не му кажав, само реков, благодарам доволно е, кога ќе имам повеќе време ќе го погледнам подетално. Фрст ред флег. Јас сум осетливата и таа што се вреѓа и со кратки фитли, еден у пар је сасвим довољно. Нејсе, за атер на луѓево и за моја љубопитност, решив да продужам да слушам.
Вели „Јас во периферијата заминав за да не престанам да бидам господин.
Пак тука ако се преместам, нема да се вратам како слуга. Не се нафаќам на работа колку да плаќам кирии и сметки додека ја чекам работата од соништата. За пари има начин да се снајде човек.“
Oккеј, веќе фацата не ни можев да ја кријам и почнав да ја разгледувам како неискористена шанса, опцијата да им побарам пари за да го истолерирам денешново афтерворк кафе вака недолечена од грипоина оти нели имаше 0,00000001% шанса да е добра прилика и инвестиција за будучност детево. But, oh, that last sentence...
„На сценава во градов, јас ќе направам камбек како
крал.
На која жена не би импонирал таков маж покрај себе? Погледни се, девојка од источна Европа, си ја трошиш снагата обидувајќи се нешто да докажеш, се мачиш сама, а покрај тебе може да има човек како мене, а сите други жени да ти љубоморат. Тие крпи на тебе може да бидат најубави дизајни.“
Му реков „Слушај дечко. Јас од маж не барам да биде ни крал, ни конте, ни милионер, барам да биде маж. Да овозможи, да помогне, да биде лојален, да не се буди исклучиво после пладне оти чека да го викнат да краљствуе, да не збори многу, да прави, да го издигне партнерот и со тоа да си ја покаже вредноста и да е спремен све легално да работи за да не биде на туѓ грб. Ако сакаш да ти одадам една тајна за еврејските трговци како станувале кралеви, тогаш слушај добро. Газдите намерно си ги праќале децата во други фирми да го испечат занаетот, па во нивната фирма од најдолниот сектор, за да ја научат фирмата како дише. Ете така се станува крал, не да се тупнеш на девојката со партали што се убива од работа којашто веројатно според тебе би те издржувала додека ти ѝ продаваш пуфки која сомилост уствари искажуваш со твојот интерес кон неа. А, што се тиче моите партали коишто се едноставно складна умерена пристојна облека господине неиспеглан ла кост, ако толку многу те интересира женска гардероба и трансформации, ќе бидеш посреќен од мене оти поише удварачи ќе имаш од мене. И тоа источна Европа за мене е комплимент, затоа што додека моите претци создавале уметност, култура и вистинска револуција во описменувањето, твоине се тепале за територии. Со здравје и со среќа.“