Za zitelite na severnata hemisfera na Zemjata, deneska vo 08:50 Uhr po UTC +02 zapocna Esenta.
Deneska Sonceto izgrea vo 06:53 Uhr i ke zajde vo 19:03 Uhr
Dolzinata na denesniot den iznesuva 12h 10m koordinatno gledano od 52°31'27.73" N 13°24'37.91" E
...на 44 Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, веќе пристигаат гостите, кога сите дотерани во свечена облека имал/немал ќе се снајде, ќе се најде по некој од тип (првиот лево) на облекување како да посетува фудбалски натпревар, а жената дотерена, а тој со патики и тренерки и бела маица
...како изгледа мажот, жената е одговорна и обратно како изгледа жената заслугата е на мажот!
...замерка, да главното пано со логото на настанот целосно на англиски без дел на македонски кирилично писмо, а тоа сосема погоре што гостите нема да ја имаат во позадината на фотографијата.
...ми направи голем мерак човекот оскаровецот Питер Бижу, кој е годинашен добитник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ кога кажа дека е пресреќен дека е присутен во Битола и во МАКЕДОНИЈА,
... инаку фестивалот ќе трае до 29 септември и ќе бидат прикажани 79 филмови од престижните светски филмски фестивали, а ќе започне со македонската премиера на филмот „Домаќинство за почетници“, на Горан Столевски.
...и ондак то !
Ќеј, ми фали уметност во животов.
Знам дека МКД бев невработен и сето тоа претоп на време што го имав...
ама ми фали да се бавам малку повеќе со таа тема како некогаш. Имено, налетав на една папка кај што сум собирал омилени дела, не само од четки, туку и од архитектура и сум одушевен од она што ме интересирало, она за што сум читал со саати.
Доста чисто чувство се разбуди во мене, а морам да си признам, окото баш ми фаќало за што точно е убаво, а што не е.
Убавото оди рака под рака со врвен квалитет, а таму каде фатила европска рака... знаеме. Ако веќе се прави едно нешто - се прави како што треба. Знам дека последниве години живеев. Онака баш Живеев, но треба да почнам да наоѓам време за ова.
Есенва да ги посетам палатите во срцето на западна Франција. Се качуваш на еден ТеГаВе - ИнтерКонтинентал (возој брзи ко Јапонските, ги видов паркирани во Стразбур <3, какви злобни ѕверки од куршуми за превозни средства се тоа ќеј), за два саати си таму.
Како возот Европска Ѕвезда (вози овај уште или го укинаја со Брегзит? Франција имаше намери да инвестира уште повеќе за да во иднина двете престолнини се само 30 минути блиску).
Овај те носеше од Париз до Лондон, за колку време беше? 1 и 40 мин? Дистанца Скопје Белград? Нека ме поправат бугарите овде, тие знаат многу повеќе и подобро. Јас имам многу повеќе, па така е океј.
Во последниве деној ја напрајв реализацијата дека нема ништо поубо од црн покрив од слејт - камен, а богами ни поквалитетно, па решив да барам документарец за тоа како се произведува. Најдов неколку. Продукцијата полека умира во Европа, но има неколку горди занаетчии кои уште клесаат камен, овие заработуваат одлично. Покривот трае 200 години, а реално и повеќе. Кога тој покрив од црн слејт е искомбиниран со фасада од песочен кремов камен од Каен, тоа е чисто уметничко порно.
Во таа чест, а и во чест на постов посветен на моето естетско, есенско расонување, ви го давам Шату де Виландри.
Ништо поубаво од француска градина.
Бонус. Чао лето и фала ти, беше неверојатно најс кон мене. Кога визентиецот излегува од својот џип во Женева, таму негде на крајот од Јули, пред гаража Викторија. Кој би рекол.
Драа вчера му беше роденден на чика Хулио ....Сум бил лично како мал на негов концерт кога ме однесе тетин ми кој го организираше концертот како главен менаџер на Македонска Филхармонија ама кога требаше кај син му да идам ме фати пев/пневмонија тежок збор ама јебига ако дојде Енрике , ќе комплетирам milestone . Сречен 80ти ////
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.