Еднаш пишав на форумов пред пар години за одбојкарите, чинам беше за нивниот пласман на ЕП или нешто слично и сега чувствувам обврска да пишам пак
Вчера започна ЕП во одбојка.
И да, Македонија игра на ова ЕП.
Но тоа што е интересно е дека Македонија е една од земјите домаќини на првенството, а вечерва нашите одбојкари го играат првиот натпревар.
Натпреварите се играат во Борис Трајковски, па доколку имате желба и можност би ви препорачал да отидете и да ги гледате.
Слична е цената на картите како и натпреварот на фудбалската репрезентација со Италија, а ако имате пари само за едно нешто, сметам дека дефинитивно треба да одберете некој натпревар на одбојкарите, можеби првиот, овој вечерва, што е одлична шанса за победа и чекор поблиску до пласман во следната фаза од ЕП.
Едно време бевме ракометна нација, па потоа најголемите успеси и радости ни ги донесоа фудбалерите. Секако, да не се заборават и успесите на кошаркарите пред десетина години, а некои од вас ја паметат и ватерполо репрезентацијата.
Сега, во овој момент мислам дека најдобра наша репрезентација е одбојкарската.
Затоа, ако имате шанса, отидете и навивајте.
На милион проблеми, смени, молења, финансиски срања и што ли уште не, овие одбојкари стигнаа до тоа да играат ЕП на домашен терен.
Да се надеваме дека последнава декада и работата во одбојката ќе биде крунисана со одличен резултат.
Со љубов, вера, надеж, со срце, душа и тело, со се што што имаме. За себе и за сите. Почнува #EuroVolleyM 2023 во Скопје. Трета среќа за македонските одбојкари до прво ОСМИНАФИНАЛЕ. Пред нас е...
www.facebook.com