Сафрата ми е крената 500то и време е за еден рент пост, посветен на? домовината. Ќе требало да ги менуваме пасошите, пошто од Јануар или Фебруар (или кој воопшто ги чита или ги ебава) че ни биделе неважечки пасошите ако на нив пишувало ФИРОМ, а не Северна. Па ѕвонам таму прашувам, да на мојот пишува ФИРОМ аа.. да ама новиот че ти трај 10 години, бла бла бла.
Чисто.инкасирање.на.пари. од масата е ова. Нашата земја, повторно блеска во нејзиното право светло. Дури и оние кои си заминавме - уште не куртуливме од нејзе. Арам да им се и парите шо че ни ги земат за по брза постапка вадење на пасоши. Тие два дена шо че ги поминам таму за да врвам низ оваа грозна процедура, че ми бидат дефинитивно последните два шо сум ги поминал во таа 'земја'.
А тоа дека 10ет години че ни важел пасошот, таква мариовска пејо магла можат да му продаваат на некој друг. За некој месец че го сменат јазикот во бугарски, па државјанствата, па националноста, па пак че треба се на ново да се менува. До тогаш се надевам и официјално ќе држам швајцарски пасош в рака. Толку ми се гнаси од се она на што че помислам, а e во врска со таа македонска банана обид од земја. Обид од народ. Обид од парламент. Обид од пропадно достоинство и чест, се најгрозно собрано во нив, се она што не штима. Се она што е гадно и бедно во врска со човештвото. Корупција, крадење, грбање, крадење, грабање, крадење, крабање. Никогаш сити, никогаш доста. Каков народ - таква држава.
Што друго да очекуваш од були народ?
Нераскажана приказна за Тоше Проески: „Во Куманово го гаѓаа со јајца, една работа никогаш нема да им ја простам на Македонците“ – News 24 (newz24live.com)
Гревота човекот, ти им пееш, тие вака. И на славеј камен фрла некој? - за да го отпееш ова, прво треба да го изживееш. Зар не? И НЕ Е Европа крива. Не се криви ни Фонд Дер Лејенс, ни фамилијата Хохенцолерн. Ни Франции, ни Америки ни Русии. Народ колнет од сопствените луѓе? - од ова нема побетер, ова е наголемата клетва на овај свет. Уникатни сте по ова. Заслужено е се. Се.