Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Денес беше прекрасен сончев ден, еден од оние во низата денови, во кои после работа го земав кучето и заминувавме на некоја прошетка низ природа каде редовно не' удираа сончевите зраци по лицето и снагата, онака пробивајќи се меѓу дрвцата и гранките како на филм. И наместо тоа, денес ископав една голема дупка и го погребав во неа. Се намачи кутриот, цели 10 дена борба за преживување, поради еден ебан затруен глушец...

Постојат два начини да се родиме, а за умирачка ги има премногу. И тука смртта педерски си преовладува затоа што може да прекини нешто кое иди само на два начини, природно и со царски.
Ме отепа загубава, ме исфрли максимално од колосек.

Ќе фалат окцава лепотане со име на лик од Матрикс.

313788358_1151957595407123_5322934242952736766_n.jpg
 
Ф

Флеш

Гостин
Велешанецот се фали дека у нивни град , најголем хит било да носиш копачки Најкот 90ка со фармерки и кошулче у дискотека било врвот у Велес ....

Брат ми, у село Ѓорче беше пикот да се исфарбаш у плаво џигериците позади главата и да се облечеш у сегашна Агротехна кај домот у Ѓорче оти таму најака беше снабдена Данче од цел ебан Порта Влае бутиците и идеш у СВ Петар/Павле си палиш свеќа една за среќа и идеш после до ВегасСкај да играш една партија кантер за 60 денари од саат ми текиња и после фаќаш корзо да манијачиш жени пред Кочо и после правез дали до Пожарната стара или у Геге ака Гола Гузица на забава кај некој шлајм од кај Циганите ...... :LOL:
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
Драга

Со тешко срце и голема тага морам да те известам дека вчера ја изгубив битката со NNN. NNN mission failed.

Тешка беше битката ама барем знам дека се борев лавовски и дадов се од себе...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
941
Драга Кајгана,
Ненад Георгиевски води емисии на ТВ веќе 30 години.
Моментално води квиз на Телма со прашања од типот “во која просторија на Г се изложуваат уметнички дела?“.
И то.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.852
Поени од реакции
36.886
Денес прв пат го чув описот “Батали ја неа брат, чукана е ко службено Пежо Партнер”

Ова е втор пат сериозно да се запрепастам после оној пат кога го чув описот “Товарена е ко Лада Нива од дрвокрадци”.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ми се плаче од изјавите на една фитнес инфлуенсерка дека 2 недели после породувањето се вратила на вежбање, па дури ставила видео со тегови. Во двете бремености се поправила само по 5kg. Дијастаза (делба на абдоминалните мускули) нормално ќе погодите, немала. А сите имаат, некои повеќе, некои помалку, но е нормално. Исто и друга фитнес инфлуенсерка што се породи пред некој месец, цело време е во теретана со бебето и секако, на прашањето за дијастаза што како, само се пофали дека немала дијастаза.

Значи во случај да ме чита некоја жена: на странски инстаграм профили со докажани инструкторки, нема да ги сретнете овие глупости. Тие инфлуенсерки таму нема да се фалат колку kg накачиле или не накачиле во бременоста, ниту пак ќе се фалат дека нивното тело е "безгрешно". Напротив ќе ви покажат вежби за опоравување (а не обични вежби со тегови) и ќе ви покажат вежби и совети за дијастаза, иако ја немаат ни они (минимално и невидливо ја имаат).

Имам накачено доста килограми откако имам дете зошто храната не е само телесна потреба, некогаш е и емоционална потреба. Некогаш јадеме за да го намалиме секојдневниот стрес и тоа е ОК, ако е единствениот начин што го имаме во моментот/периодот за да останеме ментално стабилни и силни. Некој ќе рече дека тоа е за "слаби" во психа и слично, но ОК е некогаш да се биде и слаб во психа. Не можеме на сите полиња да дадеме најдобро од себе. Некогаш изгледот и здравјето се стварно последната работа за која се грижиме, и тоа е ОК, ако е само период. Многу е тешко човек да застане и да се прифати таков каков што е во моментот. Тоа е и поентата на овој пост. Жал ми е за девојките што го читаат тоа на инстаграм и ги бодрат тие наши инфлуенсерки, очекувајќи се` да биде така smooth и за нив, кога ќе им дојде времето. Не, тоа што го пропагираат не е ОК. Не морате да бидете "совршени" секогаш.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.804
Поени од реакции
40.034
ДК,

Сабајле слушнав 45 годишен маж како и кажува на една жена дека треба да иде кај некоја Емче да се издепилира...пред тоа збореше дека му сметале тие од селата што се дојдени. :(
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Фановите на Кање Вест отвориле GoFundMe за да го вратат на статусот на билионер откако многу големи компании му откажаа соработка и повеќе човекот не е билионер туку само милионер...па што чекате луѓе донирајте греота е чоекот не заслужи ваква судбина клета.
 
Ф

Флеш

Гостин
Драа


Си пуштам Елвис филмот, да го гледам за прв пат .... Мераци,убав филм,убав почетокот ....

И ти го начукуваат и кршат филмот со рап песни веднаш .... Карди Б и јебена Доџа Кет ....

Ти ебам САД и нивно помодарство....

Оти оти мора Јелена Карлеуша,Раста,Боки 13,Азис уше да ти утепаат атмосфера.

Е ова е најлошо у ова наше време .

Стигна гомна музика да пикаат сегде .
Стигна време да форсираат уште деформации....

Абе не ми се збори веќе

Боље Шабан да го ставеа у Елвис.

Подобро ќе беше
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.604
Поени од реакции
26.398
Драга,

јас би сакал станот да има барем прозори доколку нема греење. Ќе доплатам за прозорите колку треба.
Screenshot_20221101-121551_Instagram.jpg
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
И така одвреме - навреме се враќам тука кога ќе ми дозволи времето. Којзнае воопшто дали се сеќава некој на мене и дали се останати некои од старите членови?
А мене - еве ме, мајка на двегодишно русокосо момче со тиркизни очи, до мене еден 'тиквар' што ми е зашиен за целото срце, душа и битие...Имам малку здодевна работа, перспективно хоби , вљубеник во книгата, добрата храна и филмот, но и дождот и тмурното време во кои уживам до бескрај...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom