Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Heyy

hru
Член од
12 март 2022
Мислења
37
Поени од реакции
79
ДК
Навистина не знаев дека е толку тежок животот.Ама,пак,сфатив дека е вреден заа живеење. :)
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
661
Vcera sfativ deka kvalitetot na ziveenje na zivotot ne zavisi ni od obrazovanie, ni od konto vo banka nitu od godini starosta.
Isto taka srekata na zenata e obratno proporcionalna so ubavina , vospituvanje,obrazovanie I poteklo.
Ako na nekoja ksmetot I raboti, ke si bide srekna I se ke ima.
Obrazuvan I opstestveno umen maz ne znachi nitu sreken brak I srekna zena.
Faktorot sreka e obratno proporcionalna so faktor strav I fobii.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.540
Поени од реакции
29.107
Вчера вечер запознав една женска што има тату студио и пирса мажи/жени. Ја прашав кое е најчудното место што некад го пирсала ми рече веројатно кур. Мислев се заебава, и кога ми ја опиша целата процедура ми се згрози животот.И мислев дека од ова нема погадно.
Сабајле возам со кола и на пешачки поминуваат 5-6 другари средношколци, со тесни тренерки на ластичиња доле и голи глуждови. И се уверив дека пирсот на кур не е толку гадно колку ова.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
Кеј,

сите имаме некое хоби, нешто што ни е приватно и својствено за нас - ова сепак не значи дека 90ет посто од времето се бавиме со тоа, посебно не ако сме оптоварени со работа. Оттука, многу луѓе кои не знаат и со кои работиме заедно, немаат појма за приватните интереси. Пример пред година дена, една од најсаканите германки овде, ме викна да вечерам со нејзината фамилија (од тогаш редовно сме заедно). И однесов слика за поклон. Ме гледа со шок. Ме качи горе на спратот и ми покажа дека над креветот со сопругот го имаат делото Морски Моми, од Австриецот Густав Климт. Ми вели, како знаеше дека се интересирам за уметност? Немав појма и велам. Ти носам тоа што сакам. На сликата што и ја дадов имаше Паун од сребро, Охридски филигран работен со недели (месеци?) од еден мајстор.

Вчера шефицата ми остајла една белешка на Биро. Насловот од албум кој смета дека треба да го слушнам. Нема претстава за моите византиски афинитети. Никогаш не сум зборувал за тоа. Хек, во спротивност, мислев дека ме доживува ко лик кој никогаш не зборува за тоа, се срами од балканот и неговата бедна, проколната историја. Заслужено.
Денес слободен, па ајде си реков да и ја испочитувам желбата. Отварам албумот на некоја си Лорена, читам песна Кехаритомене. Името на Манастирот во кој била испратена Ана Комнена во прогон/егзил - откако неколку пати пробала да го турни брата си од византискиот трон - заедно со мажот и Никофор (овај бил Македонец од Егејска).
Иронично, Никифор се здружил со брат и, па му кажал какви намери (апетити за моќ) има дада Комнина. И додека Ана била во прогон во богородичниот манастир, Никифор (сопругот на Ана) и Императорот Јован (братот на Ана), станале најдобри другари.

Во 1148ма Ана запишала, никој неможе да ме види (во Егзил), сепак многумина ме мразат. Веројатно самотништвото ја натерало да ја напиши Алекисијада. Ја посветила на таткото, од братот се срамела, не гледала грандиозност на Император во него.


И сето ова во период во кој решив да расчистам со Македонци (и Балканци) од секаков тип. Затоа што злобата и љубомората на овие луѓе ме плаши. Слични се на Ана, незнам до која граница би оделе овие луѓе за да турнат некој. Личи на тоа дека би можеле и да убијат, или 'барем' да посакаат смрт. Секако никој не ме знае каде некогаш сум припаѓал (стварно ова припаѓал?).
Германците се ладни. Мене тоа ми годи. Ми се допаѓа дистанца. Ми се допаѓа немешање во приватен живот. Знаење на своите граници. Што е дрско, а што не. Германски зборувам со Бадиш Дијалект - нешто што колегите ги вчудоневидува. Вака или онака, ќе ме стопат во нив (не во сапун).
Во животот, важни одлуки, не сум носел од денес за утре. Со месеци сум ги обмислувал. Ама кога ќе ги донесам, се финални. Не знам што проба Универзумот да ми кажи со ова албумов, но овој пат пораката не ми е важна. Можам само да ја прашам шефицата за интересот за Византиска музика. Мојата одлука е конечна.
Универзумот? Ќе разбере.


Мојата одлука за дистанца (од своите?) е заснована на муабетот со еден Македонец роден во Австралија во 70ти. Таму завршил Факултет. Го сретнав во Септември во МКД. Семеен човек. Успеал многу. Но го мразеле премногу. Осеќал негативна енерија насочена кон него, низ цел живот. Ми понуди да одам таму. Јас му реков, ајде за еден одмор ќе истераме до наредно лето, за фазла, ќе размислам.
Нема ни одмор да истераме. Жал ми е за него. Ама мене од омраза ми е доволно. Животот е за повеќе од само тоа. Многу повеќе.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.874
Поени од реакции
21.719
Eгзити и Тумороулендофци кур да едеф. Најјак фестивал у поново време. Сајбер Вудсток фестивал...
Овој е Б'рнинг Мен Фестивал.Блек Рок Сити, Невада.Од 86' па наам, сфако лето, од 7-10 д'на. Около 20-30 000 сајбер хипици на лаф, денс и хепинес.Не да сакам да иду, сакам да иду два пута : D Фтор пут сс сина ми.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Кога ќе видам мајки исподотерани и презгодни, се прашувам на што "дрога" се. Па ја едвај се спремив за роденденот на син ми, а знаеме какви фешти се детските родендени во денешно време. Среќа во Короната беше тоа што немаше многу веселби и собирања овие години. Тоа е ситуацијата со тоа, а на работа пак, газдарицата ми дава нови задачи со кои треба да го покривам неработењето на колешки. Каде бе со тоа размислување, така никогаш нема да се научат да си ги вршат задачите, а јас ќе бидам се` повеќе и повеќе burnt out. Дефинитивно лоша страна што премногу се грижам за се`.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.164
Поени од реакции
27.804
Драга,

вечерва бев у Ајриш Паб и појма немам кого и која не ја видов. Ако има некој или некоја што ме видел/а слободно нека пише во какво стање бев. Со слики ако е документирано још боље.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.453
Драга Кајгана, Корвус синоќа ми прати видео од "жива музика" во Ајриш. Едно време гледам еден темен лик со брада и мустаќи, облечен во зелено, се преправа дека е муслиман. Their culture is not your costume!
 
Ф

Флеш

Гостин
Да ти ибам живот.

Дечко шо го знам подолго време,меѓу последни се гледам со него вечерта, се брзаше,се качи у глупата кола со другарче негово,вечерта у 3 саат у петокот погинал враќајки се од Волково ....

Се ежааамм ....

Частеше кафе,муабет банален како нормално,се брзам се качува и тоа е .

Дознавам дури сега сабајле дека умрел ,другар му возел.

Не знам како да реагирам.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Драга,

Halloween party, Gender reveal party со број на гости ко за свадба (поголема глупост од ова - амин), Baby shower, 10 bridesmaids без посебна улога - освен стресови да имаат исти фустан, Valentine's day... уште што ни остана да преземеме?

И од кај излезе трендов за роденден да имаш балони со златни бројки во позадина? Начукале по 30 години и по фб постови во групи си ги разменуваат балоните: Вчера наполнив ,,толку и толку", на кој му треба да му ги подарам?
Дури и за дечиња да си ги разменуваат бројките, пак не разбирам. Од толку многу попаметни работи што постојат за подарување, балони со бројки ќе подареле. Поарно на детенце дај му спајдермен балон отколку глупи бројки што мора да ги стаиш по социјални мрежи.

И така, ај чао.
 
Член од
25 март 2019
Мислења
59
Поени од реакции
216
Кеј,

И ти не си тоа што беше.
Пост од Шумеча без двоцифрен број на емотикони и бар едно паѓање/губење во простор/слична рандом незгода? Зар ништо веќе не е свето? :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom