Update,
Имаше солзи, искрени, дури жал ми падна и си реков, да знаев не земав. Не очекуваше дека некој би и направил таков гест. Го отвори, прсна, замижа со очите. Цел ден раката и движеше пред лице. Толку чиста душа, ехт. Денов имаше вајб како и рекламава. Смирена енергија, среќна жена. Убаво е да направиш нешто за некој. Денес заборавив на себе, за промена, тоа МНОГУ ми се допадна. Дури и така мало нешто, на човек можи да му значи свет. Ќе мислам на тебе кога ќе го носам, дури и ако си заминиш Швајцарија, ми рече. Не е одушевена од идејата. Искрено, ни јас. Мислам, амбицијата во мене врија. Но, ќе ми фали така голем круг на луѓе, кои за кратко време толку многу ги засакав. Не мислам на тоа денес, денес се важни само две нешта, мирна енергија, насмевната жена.
Guerlain треба да ме плати. Ехт.