Драга Кајгана,
Во овие студени ноќи, кога не се чувствувам баш најдобро се присетив на тебе, и еве ме, ти се враќам после 2 години.
Да знаеш дека не сум истата.
Тогаш бев многу жива, весела, енергична а сега се чувствувам ни помалку ни повеќе, оштетена.
Што сама од себе што од другите....
Некогаш како да не знам кај водам со животов, како да тапкам во место.
Како да ја изгубив силата, волјата, надежта. Како да се изгубив себе на 25 години.
Да знам, имав доста лош период и се изборив ама...пак не сум своја на своето.
Океј е барем знам дека се трудам да си се вратам. Барем оној дел што сакам да го имам пак.
Инаку, работам. Ова работно место повеќе ми одговара од тоа минатата година каде што психички веќе не се издржуваше, задоволна сум и мило ми е што ете ја имав таа сила да прешалтам од едно нешто на друго сосем различно.
Патем на план сум и мастер да запишам.
За љубов овој пат навистина не ми се зборува.
Ќе оставам за друг пат.
Многу ме интересира дали ги имам истите мислења и ставови од пред две години. Мислам дека не за повеќето работи и многу ќе се смеам кога ќе се читам.
па... накратко тоа е тоа, сега за сега.