Драга Кајгана (виртуелен дневник)

C

confusion

Гостин
Најако беше кога излезе PUBG за мобилен и сите ја играа, со кој и да правам муабет, брат мора да пробаш, прејака игра, секоја вечер играме, а јас си седам тажен на ПЦ, ја играм од првата бета ко излезе бидејќи имав среќа да ме земаат како дел од тест тимот и си плачам во себе зошто со тек на времето баш за да угодат на ваквиве „гејмери“ од мобилен ја измасакрираа и унакажаа играта.
Сега PUBG не е реалистичен шутер/симулација ко преживи причаче, него ебани weeebs running around camping у розеви шорцеви со кики фризури и лолипоп скинови, трансџендери и ЛГБТ срања.
Ех времиња.
 
J

joli1

Гостин
има ли поексплотирачко нешто од доаѓање на работа пред почетокот на официјалното работно време за кое си се договорил?

15-20тина минути идеш порано од договореното работно време, 15-20тина минути излегуваш покасно од договореното работно време, кога ќе удриш математика, скоро саат време секој ден дополнително работиш, саат време кој што нема никогаш да ти биде платен.

ај тоа што идеш порано (некогаш и треба), ама нема нешто пожално од тој момент кога некој ќе ти пише дека си ,,каснел" затоа што си стигнал на работа у 7:55, а не у 7:45 иако работно време ти е у 8:00, баш у тој момент ми иде отказ да си дадам.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.879
Поени од реакции
17.688
Драга

После неколку обиди конечно денеска положив полигон, да положам уште градска, дадам отказ и да започнам да го живеам новиот живот далеку одовде.

Инаку пред неколку дена од ИТ не прашуваа кој модел на принтери користиме и да им го сликаме, двајца се залетаа напишаа Канон, овој од ИТ им рече дека му треба модел, а не марка. Пратија уште неколку колеги слики, кога ете ти пак двајца Канон, не знам како му било на колегата од ИТ, ама сигурно не до смеење кога ке види со какви будали работи.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Драга Кајгана

Голем дел од луѓето не пишуваат на кирилица иако имаат македонска поддршка. :pos:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.169
Поени од реакции
27.811
Драга,

дваесет и два дена пред @Dumbledore јас првпат сум се логирал на форумов. Не обележувам годишнини и реално не го знаев ни датумот на мојата додека не провериов после прочитувањето на постот на Дамблдор. Единствено што памтев беше тоа дека иста година, 2013 двајцата првпат сме се зачлениле.
 
Ф

Флеш

Гостин
После цена у инбох , најголема болка е оваа у огласите ..... ДАЛИ ТИ Е ТОА ПОСЛЕДНА ЦЕНА ЗА КОЛАТА ?!!!

Почна бунтот !!! Доле цената !!!! РЕВОЛУЦИЈА !!!!


Screenshot_4.png
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.441
Количината на црвено вино шо ја апсорбирав вечерва е загрижувачка и за Александрови размери. Недискутабилно најдобриот Македонец на сите времиња. Алхемичарот кој, се она што допира, позлатува. И се надевам во пехарот немаше отров турен од моите сонародници. За да не фрламе генерациски клетви на себе предавство.

Со срејча нека му е на црниов дроп, наредниве неколку дена, во справувањето со проблемите кои му ги створив вечерва. Хи'л мејк ит тру. Џст лајк ај дид. Хофентлих. Фингрс кросд.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
.

Пишува познаничка Американка :

„Имам братучетка, ќе ја викам Дора. Секогаш имаше дечко, а се омажи последна меѓу нас братучедите, на 32 години.

Мажот и, ќе го викам Тим, изгледаше фин тип. Висок, плав, спортист, поминувал викенди во лов и риболов, и на врв на сето тоа, успешен бизнисмен. Беше очигледно дека братучетка ми направила добар улов.
Се’ си изгледаше како треба.

Никој не коментираше за тоа што Тим е тивок. Него не се сеќавам дека зборувал... ама никогаш. Го сретнав, мислам, еден Божиќ, - а буквално последен пат кога мои очи го видеа беше на нивната свадба.

Тим и Дора веднаш добија две деца. Таа децата ги носеше со себе на секој семеен собир, а Тим за тоа време беше отсутен: те во лов, те по работа, итн. Како што минуваа годините, за него престанавме да прашуваме, а таа престана да го спомнува.

На матурската прослава на нивниот најстар син, си мислев ,еве сега ќе го видиме Тим’. Тој беше дома во неговата канцеларија во подрум. Иако забавата се одржуваше кај нив дома, не се појави ни еднаш.

Да: забележавме, сите, дека е многу чудно.

Три години подоцна, на матурската на најмладото дете, исто... но овој пат тоа сите и го очекуваа. Никој за Тим не рече збор, освен вујко ми - таткото на Дора : .... „тој бескорисен кучкин син“

Можам да ви кажам со сигурност дека никој не беше изненаден кога, откако и последното дете им замина од дома, тие се разведоа.

Дора отсекогаш беше најсимпатичната, плава, со добра фигура, најубава од пет сестри. Во рок од две години се премажи, за фин човек.

Најчудно е она што стана од Тим. По дваесе години минати како подрумски осаменик и избегнувач на фамилија, тој земал се’ до последен цент и се преселил во Азија, каде што се оженил со некоја од дваесе и кусур години, и има деца со неа.

Сега тој е буцко на уште малку па 60 години.
Со децата негови во САД не зборувал ни еднаш.
На американско тло веќе не стапнал.

Сигурна сум дека има многу повеќе што се случило а јас не го знам, но ова е сето она што го знам.

Биди среќен Тим.“

.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom