Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.894
Поени од реакции
40.681
Дк,

Деновиве искочи едно видео каде што дечко јаде месо пред група вегани кои протестираат во Њу Јорк од причини само ним познати.

Морам да кажам дека ми е едно од поомилените видеа во последно време. :D

 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.874
Поени од реакции
36.919
Во врска со вегуните има едно видео од Тбилиси Грузија кога во веганско кафе улетуваат неколку маскирани дечки со колбасици и почнуваат да фрлаат по тие кај шанкот. Неколку пати го имам барано ама не можам да го најдам. Седат таму вегуни и пасат некоја трева и дечки им влагаат со реденици колбасици и почнуваат да стрелаат ко амерички масовен убиец по вегуните, луѓе се засолнуваат, вработени клечат кај шанкот, колбасици летаат на сите страни. Легендарно срање. Ако некој го најде нека го пушти.

1343427D-5C40-4ED1-B2D1-F3392EAFE75D.jpeg
 
Ф

Флеш

Гостин
Прваче некогаш: Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал. Прваче денес: Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо.
Вирален статус на Божидар Божиновски


Копирано од фејсбук ....
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
Кеј.
Кога работев како студент work and travel Америка, во хотелот дојдоја неколку класа од еден музички Универзитет од Јужна Дакота. Играја одбојка на плажа, и никогаш не сум посведочил на повеќе позитивна енергија во животот. Секој беше вклучен. Кул женските се грижеа за тие 'помалку' кул девојки. Кул момците, исто за тие 'помалку' кул од нив. Имаја посебен сензибилитет да осетат кој е исклучен, за да го вклучат. Јас седев на една клупа и до мене помина таа што ми беше шефица таму, зошто не им се придружиш ми вели? Само ја погледнав не и одговорив. Застана. Седна до мене, зошто да не? Ми раскажа за себе. И таа стуирала музичко (на тоа се должеа перформансите секој петок :ROFLMAO:), од истиот универзитет. Но го наследила Хотелот од своите, морала да се откажи од таа кариера. Никогаш не била по хотелиерството, но не би си простила да ги разочара своите. Навистина маркантни ликови ми рече, сето Либерали (в ум ми се моташе мислата, кој пее Зло не мисли), луѓе кои немаат грам простор во себе за омраза, гнев и нечисто. Неубавото им штети ми рече, нешто од што се слободни. I noticed и вратив. Дури седев на клупата, подоцна сам, сетија дека сум странец и еден од главните шмекери, оние русокоси набилдани ѕвезди на класот, почна да кажува вицови за Трамп, ама едно викање, како што играја на песокот сите да чујат. Се газеја од смеа. Гргореја, паѓаја на песокот, за стомак се држеа од смеа. Искрено вицовите беа бајди солени, неможев да се возржам а да не гргнам и јас. Никогаш не сум видел нешто почисто. Само еден викенд беа таму. Мене и една Романка ме викнаја да печиме маршмало последната вечер на огнот со нив. Двајцата бевме во шок. Беше клише америчка сцена, ко од филм. Првен само се журкаја, одеднаш им текна да се слекуваат голи, девојките на рамена и во езеро. Чисто.

Денес го посетив еден музички Универзитет овде во Вуртемберг, заради зградата, има преубава Прусијска архитектура, заради тоа одев. Надвор групи од германци, оформени бендови со труби ко Брегович. Имаше и Кореанци пијанисти на интернационална размена. Пак истата енергија и чистина во воздухот. Не сум музички надарен, ама баш ич. Но музичарите како луѓе би ги чувал од сето зло на светот. Како нешто најсвето, најчисто, најнедопрено. Ослободени од сето неубаво. Вистински ѕвезди од карактери и чувства, меѓу нас смртниците.

Јас и моите врсници? Ние не живеефме. Зафатени бевме. Со мразење.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.161
Поени од реакции
27.793
Драга,

од новости во љубовниот живот имам да ти се пофалам дека гледам крцкалчиња на шортс на Јутуб како свират интроа и рефрени на познати воглавно рок песни. Не знам дали се фејк.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Во Скопје кога врне цел град е празен, се додека не стигнеш до Чаир. Тогаш ордата излегува да шета, оди на корзо, трча по пешачки и скока преку бетонски барикади за да купи донери, дуруми и остала сточна храна.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Владата во сабота: Воздухот е загаден, користете автобус.Штедете, ќе има поскапувања.
Македончето во недела: Тугоо, не се дише надвор.
Леле, све поскапе.Леле, бензинот рипна.
Македончето во понеделник: Не, бе што ќе се возам во автобус, валкано е секад(што нема везе, секој ден ги чистат).Нејќам да ме видат како комшијата Петко.
Фул ќе го наполнам автомобилот.
Го користи автомобилот и за до маркет што му е на 5 минути од дома, а купува само 3-4 ствари. :pos:
Македончето во наредниот петок: куку, колку пари ми отидоа... :ROFLMAO:
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.474
Поени од реакции
3.633
Автобусите ги чистеле :pos: Кур мој што ги чистат, пред некоја година некој се имаше исповратено во автобус, смрдеше две недели на повраќаници, дури само не испари целосно. Засушено разлеано такво седеше, се молев да не е тој автобус... Друго автобусите освен ако си од Аеродром или Карпош, се ретки и гужветини луѓе кашлаат, киваат, смрдат. Многу се курчам вака кога изиграваат паметни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom