Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
Каков катастрофален ден оставам зад себе кајги. Незнам од кај да почнам. Навистина.

Ретко зборувам за работното место, мислам, често, ама не за тоа како изгледа еден работен ден. На пример ко одев на Факс во Прилеп, како практикант бев во различни Банки. Едната од нив беше турската Халк. Во неа, кога ја отворија филијалата, сето убавици вработено. Каде воопшто ги накопаја, а и мажите не им беа за фрлање, карактерно сите беа топ. 3 години подоцна, сиот тој младеж со побелени коси. Се чудев од каде, и зошто? Па зарем не е најубавото работно место.
Денешниов работен ден, еве воведно а директно, сум изненаден. Од колешка. Непријатно. Имено, во неа имав доста доверба (прозевливо клише, секој 'разочарн сум' момент прво е поселеден со - имав доста доверба). Долга е приказнава, од негде морам да ја почнам. Клиенти еден куп, работен ден, хектика. Пред неколку месеци, за клиент имав еден лик кој особено ми се допадна. До него беше и сопругата, поубава од Елиизабет Тејлор (ова е виртуелно невозможно, ама компарацијата има за цел да ви долови каква барбика беше). Беше топ да се работи со нив саат време. Научивме многу еден за друг измеѓу (ова не е стандард со други клиенти). Им прогледав низ очи оти прочитав дека се Хрвати. На излегување од работа, сопругата уште беше надвор и ми кажа дека и е премногу мило што на светот се уште има добри луѓе. За мене, знаете дека не се доживувам ко добар, ниту ми е приоритет, сум видел доволно *добрина* во животот (на шефицата и кажав дека чувтсвото за Емпатија кон други ми е на рекордно ниско, периодов), но ете си реков можи првиот впечаток (често грешен) и е тој, па ок остави.

Другиот ден, сопругот ми прати вино на работно место - од негова Винарија, па така дознав дека имале Винарија, и тоа не е се, Недвижнини. Хотел. Голема ебана работа си реков, имаше покана со картичка, ако не ми се допаѓа виното да се обратам кај него. Слатко, ама не фала. Бев фин со нив, но незнаев дека се толку имовни. И не сакам да одам и да имаат чувство дека би ги дружел ради парите. Ми се допаѓаа карактерно, затоа бев фин со нив. Муабетот ни проструи низ институцијата, многу брзо. Денес дојде пак. Пак кај мене. Е сега, колешкава на која и имав толку доверба, кога разбра кој има термин, се преокупира со него. Јас станав од биро, зашеметен, збркан во мислите, кнап документи и чуда од клиенти. Да средам, па ќе се вратам. Цело време беше со него, како да нема што да се работи друго. Беше исклучително, нападно фина кон него. Очекуваш некаква бенефиција? Не навистина? Туѓ срам ме изеде. Се вратив, презедов контрола, се прибра. Таа во своите редови. Тој сам, се јави сопругата, и се изнаразвика на телефон. После ефтиниот флерт со колешкава. Се направив ко да негледам и неслушам. Колешката, ми кажа дека не викнал в хотел. И кажав дека не одам, не сакам да си мисли дека би се дружел со него заради финансискиот успех. Ако сакам да се остварам до тој левел, нема да очекувам бенефиција од други кои се веќе таму. Ќе го направам тоа сам. Ова беа зборовите кои и ги кажав на пауза.
Таа можи да оди, можи и ќе бидни нешто, можи ќе ја гледа ефтино потоа.

Бев да пешачам после работа, има едно езеро, така заборавам на работните деној, влегов дома, мавнав туш врел од кој кожата се вцрвува. Што сакам да исперам од мене. Ефтиното на што посведочив. Овде нема да одам си клишето "богати џебови, ефтини души". Затоа што јас верувам во (и редовно гледам) луѓе кои имаат и богати џебови и богати души. А бракот е на прво место во тие случаи, станува збор за семејни луѓе. Како и да е. "Мило ми е што на светот сеуште има добри луѓе." Реченицата на сопругата сега ми татни во глата. Се чудев зошто толку лично ми се обрати. Кога 24/7, си со лик кој те третира, така како што се покажа на телефон, тогаш очајно бараш ликови кои имаат за цел да ти ја вратат вербата во човештвото. Штета. Гласот и беше дури растревожен сега кога вртам филм. Уште сум на ставот, дека ликот е ок. Сигурен сум дека уште е вљубена во него, ко првиот пат, љубовта прави будали од нас. Можеби и тој во неа, нема да најди ко незе. Ни јас нема. Малкумина од нас ќе најдат ко незе. Приватно не им дозволив да ме запознаат. Ниту ги запознав. Затоа нема да носам заклучоци дека се пред крах. Но ова со колешкава денес беше некоректно, детски. А таа ми е како семеен член. Ефтино. Лошо. Непријатно.

Изненаден. Не помогна ни тушот. Ни постов. Ќе варам какао и ќе мисирам на тераса. Врни тура грми овде. Неред на небото, ко во мисливе, до утре ќе стивни.

Јас цела недела размислувам за едно девојче. Дали да ја викнам да вечераме негде (дали е воопшто слободна). Личи како мој човек. Мислам дека и се допаѓам. Не сакам да ја разочарам. Но денешниов ден ме потсети дека, да се биди лесен, е лесно. Да се биди тежок, е тешко. Понеделник можи ќе смногнам храброст да ја викнам. И не е одлучно. Можи ќе излезиме па на крајот од вечерта ќе и сум ултра досаден и сама ќе ме откачи. Само вечера е.
Автоматски споено мислење:

сега ги читнав и постовите за византиската злоба и хомоси. Секогаш сте тука да ме тргните од реалноста. :ROFLMAO: Јас сум лик кој верува цврсто во идејата дека земји ко Македонија треба да бидат докрачени од крајните Десници. Папирот за промена на балканските граници (лиферуван по медиумите како тест) на словенецот Јанша, не е продукт на Левицата - хомосексулно инфериорна, од која јас сум дел. Тој иди директ од крајната европска Десница. Левицата само аминува, пошто и онака не и сте мили. Соодветно е до бескрајот и назад. Имам другар од Холанидја (ова другар е во дебели наводници, од друштвото сме 'приморани' да слушаме и туѓи ставови и да одржуваме врска со ликови кои веруваат спротивно од нас), комплетно е одушевен од Јанша и Виктор Орбан. ОДУШЕВЕН. Идејата потекнува токму од овие 2ца. Тие имаа смелост да лиферуват таков предлог во стаклената зграда во Стразбур. Не хомосите од моите редови.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.161
Поени од реакции
27.796
Драга,

кажи му на @Scirea дека ако женско го прави ова не и е дојдено до гледање филм туку за друго го бара, а ако е машко тогаш треба да рамисли дали вреди сеуште да му биде другар.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.658
Поени од реакции
37.618
Кајг,
колку е глупаво, гадно и непријатно чувството да се јаде сладолед со дрвено лажиче, тоа рапавоста на струганото дрво ти го дразни јазикот и усните, тоа е све само не е уживање во сладолед.

20220824_085413.jpg
20220824_085333.jpg

...замисли, дошле во позиција таму некои европарламентарци ,,еколози" демек многу загрижени за екологијата и донеле забрана на користење на пластични лажички за сладолед пакуван во кутивче што е поприкладен во овие топли денови да не се зема тој во корнет кој се цеди,

...се присетувам на европарламентарците пре некоја година, ,,екологистите" , загрижени за дрвјата во ЕУ, па ја забраниле примената на дрвени чачкалици (чепкалици), по рестораните да се закачи храна низ забите нема со што да се откачи, а сега ова што е цело лажиче дрвено кое е оправдувањето?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.713
Поени од реакции
35.455
Кајганке, :love:

Колку треба животот да ти е мизерен од 1 до 10, за да бидеш горда што си напумпала duck fish уста, си лупнала силикон, си залепила трепки и фејк нокти 5 минути пред тебе и мислиш дека личиш на Рита Хејворт, а всушност личиш на плашило. Кога живееш на туѓа сметка и единствена цел во животот ти е да бидеш кукла на некој средовечен нереализиран маж кој не може да си го види од пивскиот стомак, кога оди во тоалет користи пинцета и микроскоп. И ќе се смееш додека се лигави и поти над тебе, ќе молиш Бога да не го стрефи инфаркт или мозочен удар. Не дека ти е гајле, туку дека сеуште не ти ја исплатил услугата.

ПУ, мизерија.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
Пред неколку години бев активен на еден странски форум за архитектура. Холајѓаните (племе богато) го сјебаја, сменија платформа. Плус Македонците не смееја да имаат свој подофорум (иако сите други земји имаја). Бугарите ургираја кај главниот супер Мод Јан (овај беше краен Десничар) и тој го избриша македонскиот форум. Затоа киснев по америчките теми за Њујорк. Таму ја запознав Челзи. Русокоса Еврејка со АјКју - не 300та, туку 3000. Работи во Силиконската Долина. Дежуравме 24/7 во темата за европски Катедрали. Прв пат го видов Стразбур и бев кисел. Си реков, вау, ова е резервирано само за инстаграм инфлуенсерите на Светот. Ех Византиецу и 3 пати да се преродиш нема да го видиш, и 90ет да наполниш, нема да го видиш, па ако сакаш и најпеколно биди вљубен во неговатa Готска драгоценост.

2 Години подоцна стоев пред Црвената Катедрала. :love: Божик. Во раката греано вино со зачини од Темпларска Бургундија. Макрон беше во градот тој ден. На секој мост двометарски алфи во црно со тешка артилерија на нив. За да поминиш мост треба да покажиш идентификација. Со мене беа души. :icon_lol: Имаше лебед во реката. Илјада комплименти му дадов, како да ме разбра. Само лебдеше над вода 15цм од мене. Du süßer! Du hübscher! Еден од Алфите, со насмевнати очи над маската, Алеман? (германец? на француски). Close enough. :ROFLMAO: му вратив.

А тек какви руф-топ тераси стојат над неговите средновековни полутрупочни градби. Францускиот Рајх! Франнк-рајх. #Европа

Шо сИ По СеКсУаЛноСт? :eek:
Стразбурец. Адије.




Bonus оригиналната Рејнира Таргеријан со вени полни крв од стара В-Илирија :cool:
#Дракарис #Алфица

 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
390
Поени од реакции
918
Драга, највеќе мразам особи што глумат жртви. Сè на нив им е најтешко, само они имаат проблеми, само они имаат загуби.
Полека малце, сите сме се соочиле со неуспех, проблеми и сме загубиле некој во животов.
Цицачи на енергија.
 
Ф

Флеш

Гостин
Нешо се вртеше лаф муабет тука на Кајгана, за тоа дека женски,стари моми +30 години со брчки на лицето и шмиргла гз и дека чуваат кучиња дома,се нарекуваат Ливадарки.


Добро,да не се љутат женските,тоес тетките тоес бабите тоес старите моми.

Еве ние мушките со 30+ години шо сме . Да си знаете .

У две групи сме суб видови сме онака поделени ко изјебана врста од тоа шо сме у природа у принцип ваш лик и дело на женските креативни идеи со примеси ....


Имаш еден вид Коцкари .... Они дремат у кладилница и казино.

Имаш друг вид наречено Гејмери....


FB_IMG_1661722410636.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom