Драга Кајгана (виртуелен дневник)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.762
Поени од реакции
43.963
Драга, не сум ти пишал оддамна, ама мора да се надоврзам на муабетот од погоре за вегани и вегетаријанци.

Прво и основно, ништо лично до дечките што имаат постирано (и тие што им се интересни/смешни ваквите испади) ама сум бил и на двете страни (и meat lover и вегетаријанец до душа, не веган) и мора да кажам дека од лично искуство "meat lover"-ите се далеку понапорни луѓе од веганите или вегетаријанците, иако нели и самите веруваат дека нема понапорно нешто од веган или вегетаријанец. Постов се мислам да го пишам веќе подолг период, па еве сега мислам дека тајмингот ќе ми е баш таман.

Прв пример - погорните постови. Знам дека вегетаријанците си ја набилдаа лошата репутацијата на времето кога знаеја да се соберат 10тина будали на улица и да им ги земаат бургерите од рака на луѓето, па да им објаснуваат дека не треба да јадат месо, итн, итн.. Глупости, кои и тогаш (кога не бев вегетаријанец), а и сега, како вегетаријанец, ми се безвеза и едноставно не ги ни регистрирам. Ама мене ме интересира како тоа што се случило во Грузија е поразлично од ова? Буквално иста приказна, се собрале 5-6 идиоти со колбаси на главите и влегле во вегански ресторан. :D Мислам, ако првото ти е напорно и глупо, второво е скроз исто. Ама сигурно не предизвикува таква реакција кај "meat lovers" рајата. А искрено, не сфаќам зошто? Која е целта на таквиот чин? Што мислам дека ќе постигнат уствари? Еве јас да седам во вегетаријански ресторан и да ми дојде некој облечен во колбаси, само ќе се насмеам и ќе си продолжам со тоа што сум го правел до тогаш. Он е будалата во ситуацијата не јас. xD

Втор пример - јас самиот. Во средно имав другар вегетаријанец и класика беше муабетот дека он е будалата, кога и да се седне на јадење некаде, класика заебанции на негова сметка (од кои голем дел доаѓаа и од мене), итн, итн.. За на крај од хард кор "meat lover" и јас да станам вегетаријанец.

И сега гледам дека е исто, само сум на другата страна. Кога и да седнам некаде обавезно мора да помине заебанцијата "aj сеа ние да јадеме" кога ќе дојде ред да се нарача некоја мешана скара. Или ако се нарачува по порција, кога ќе дојдам јас на ред и ќе кажам печурки и помфрит на пример, мора бар 2ца од масата да му кажат на келнерот "ааа он е вегетаријанец", фактички да му објаснат на човекот дека имам некоја причина зошто не нарачувам месо, иначе како така да не нарачаш месо за ручек. Мислам, не дека ми смета, заебанција е и ќе се насмееме само и толку, ама не сум доживеал ниту еднаш некој на маса да убедува некого (или да ме убедува мене до пред некоја година) да не јаде месо, а сум седел со вегетаријанци бар 10тина години уназад. Ниту пак јас го правам истото.

А најјако е кога на масата има некој што не си го знаел и тука слуша дека си вегетаријанец и одма почнуваат прашањата "e добро, што јадеш? не ли ти се јаде пак одма после тоа? сега ако ти дадам малце од моето парче месо сигурен си дека нема да сакаш да пробаш? како си уопште жив уште?!?!".. И секако најглупата заебанција во историјата на заебанциите "па и морковот сака да живее уште, ама ти мора да го убиеш за да го изедеш".

И како специјална група мора да издвојам едни екс колеги муслимани. Ми објаснуваат дека сум бил секташ бидејќи не јадам месо (за одлука што сум ја донел сам на мови 25 години btw), а во исто време они не јадат свинско месо, бидејќи некој го напишал тоа во некоја книга пред 1000 и кусур години. На крај и нивното се сведува на лична одлука додуша и океј ако така одлучиле (не ми е ни гајле искрено), ама ниту еднаш не се спуштив на нивното ниво и не ја начнав темава, иако мора да признаам дека неколку пати бев многу блиску. :D

П.С. Не ми е целта да проповедам веганство/вегетаријанство или да хејтам јадачи на месо. Само сакав да кажам колку луѓето општо гледаат субјективно на работите и како некои работи не сакаат да им ги прават на нив, ама им е јако и смешно кога они истите работи ги прават на другите. Плус што секоја будала си зема за право да се меша во приватноста на некој друг, од господ знае која причина.

На крај да сумирам само. Хард кор веган може да е еден од најнапорните ликови во светот и тоа ми е јасно и мене, ама општо во секојдневието рандом "meat lover" е далеку далеку понапорен од рандом веган или вегетаријанец.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.438
Поени од реакции
4.538
Ама па затоа на инстаграм никогаш немам сретнато на стори: Еве за ручек јадам тазе свинска кременадла од заклана свиња со прилог компири на кој има говедски зачин.

Од друга страна секое стори со веганска/вегетаријанска содржина е пропратена со #veganparadise и целосен рецепт за тоа како може да си направите овесна каша со бадемово млеко, авокадо и чиа.

Истото е и со педерите.Тие повеќе замараат дека се педери и како се залагаат за еднаквост и споделуваат модни парчиња облека со ташнички, отколку тој што мрази педери - зборува за тоа како би ги тепал, или избркал од државава.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.762
Поени од реакции
43.963
Секако дека нема цели прасиња како се вртат на оган, свежо уловени диви свињи наредени една до друга, бифтеци што ти го носат на таква угорена даска (а многу често и уште горат во оган), после не ти знам какви месишта што ги сецка тенко некој инфлуенсер кувар и 50 души го гледаат и му плескаат мислиш направил кој знае што... Оди во темата Што јадете во моментов и види што се постира, дали чиа пудинзи или кременадли.

Ако сакаш да хејташ ќе најдеш начин да хејташ. Тоа и ми беше поентата на постот. Што ако ставил некој слика од храна, независно дали од чиа пудуинг или од кремедала? Луѓето многу непотребно време и енергија трошат на хејтање. Уживајте малце во тоа вас што ве исполнува и оставете го секого да го прави истото. Едноставно е, сите сме различни, јас електронска музика неможам да поднесам на пример, ама нема потреба кога и да седнам со некој љубител на техно музика да го правам будала пошто слуша таква музика, да му викам "абе вие сите наркомани сте таму" или да му лепам било каква друга етикета бидејќи ужива во нешто поразлично од мене.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.874
Поени од реакции
21.719
Драа

Порано бе некако гу погаѓасфа временску прогнозу, па на моненти и скроз прецизно.У 15:45 викаф ке врне, и стфарно бе у петнаес до четири заврне.
И тамо да не е онај ситуација "аааа па не е ист пица мајстор на смену,затој ичера поубава беше".
У задњо време случајно глеам, не да не гу погаѓаф временску,абе ни приближно еј.Пишуе ке врне, а оно као Атакама суво.

А да не запослисфа и тамо фалсификувани рамковни, па везе немаф да глеаф по тија сателиски снимке и мерења у УМХЦР,УХМР... како и да беше.
Абе какфи мерења, они си мислиф ако Алах или Кале каже ке врне,има да врне и тачка.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.540
Поени од реакции
29.107
Драга,

Да знаев дека дружбата меѓу @Клипче и @Комита Ултрас почнала после ваков фантастичен совет од клипот кога знаеја да дојдат во Рустикана дури работев таму, сметката секогаш ќе одеше директно кај вториот, на кој очигледно животот му цвета од тој момент навака и сигурен сум дека никогаш повеќе не се соочил со љубовни проблеми. Поздрав.
Да знаев дека членов ќе оди кај веганите, никад на смена немаше да му идам. :kuracc:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
Ја гледам Кастелванија по втор пат во една година. Првиот пат на германски, вториот пат на мајчин јазик - германски. Секогаш навивам за карактерите шо другите обожуваат да ги мразат (се чудам од кај иди ова :ROFLMAO:). Вампирката Кармила обожава работи што им припаѓаат на глупи старци. Скова план да ги обедини Австрија, Унгарија и Валахија (Романија) во една држава. Бомбона бизнис, што би рекла Радмила Македонска. А и бајди чотек му удри на грко Хектор (по потекло од Родос, си ја убил сопствената мајка).

Ubrigens, Кармила звучи далеку посекси на германски. Не за џабе е по потекло од Стирија (старото име на Австрија).


 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.607
Поени од реакции
88.053
Сите овие новопечени искомплексирани мамички кои им ставаат на своите деца имиња како Дора, Ахил, Каја, Максимилијан, Лана, Дејвид, Кира се со цел да го истакнат своето чедо како нешто посебно, заслужуваат да ги удавиш под Стоковна Куќа Мост.

Не сакало да го нарече детето Филип, одма ќе му залепеле прекар Фичо. Во ред е мамичке, знам дека на Лео неможат да му дадат прекар... Викни ме кога Лео и Симба ќе го одмаздуваат Муфаса на Pride Rock.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.440
мојот нов аватар не е блатантна глорификација на Отавио!!! туку длабок наклон кон ликот и дело Масонско и Братско. Генијалец, а мастер оф итс кајнд!!! Ве бакнувам и гушкам (со спуштање на раката кон задникот).
 
Последно уредено:

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Драга,
Some people *never* change and some things are better left *unsaid*.
Take care.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.015
Поени од реакции
1.071
Драга кајгана,
Одамна немам ти немам пишано, ама рекле дека еден ден ќе биде. Денеска собајле со дожд, а еве сега по малку сонце зракнува и викендот може да започне. Еве на што се сетив собајлево:
- ,, Се сеќавам на сите убавини кои што ги доживеав, ама после нив душата ми плаче.
Немам мир, мисли еден куп ме исполнуваа, како да ги вратам тие убавини, како да се поврзат пак и да ми одмори душата од нервози и стресови.
Убавина е да читаш книга по цел ден, убавина е да имаш вистински пријател, убавина е да прошеташ без да мислиш на работата и да одмориш во исто време, убавина е кога ќе ги оставиш лошите навики и ќе стекнеш многу подобри... И убавина е кога ќе го пронајдеш мирот покрај вистинската љубов цел живот.
Дај да го сменеме светот да оди на подобро, дајте им на младите кои што имаат визија за подобро утре да раководат со државата. Што правите сега вие??? Ќе остарете пред да приметите дека ви поминале убавите моменти, дека скапоценото време си го поминале на тоа како да ги решете проблемите. Поминувајте го слободното времето максимално со тоа што ќе имате хоби, ќе имате почести односи со партнерот, ќе посетувате повеќе места и т.н.
Минете го животот убаво, за да не ви биде жал покасно за испуштеното време. "
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
THE K I N G HAS SPOKEN!!!!

Неодамна пејачот Аца Лукас изјави дека никогаш во својот живот немал љубовници додека бил во брак, а тие што тоа го прават ги нарече клошари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom