Со моето скромно 1 годишно вегетаријанско искуство морам да се вклучам и да го проширам муабетот. Сепак, порано или подоцна пак ќе се вратам на тоа, секако кога и нашава средина ќе качи некој левел и во тој поглед.
Проблемот со Македонија е што луѓето не се свесни дека различностите се ок и тие се основ за раст и развој на секоја индивидуа и општество. Не сакам да звучам ептен европски и либерално ама во овој поглед така си е. Луѓето едноставно немаат доволна свест дека постои нешто што се вика приватност и право на лично уверување и убедување.
Ретко кој има респект за твојата приватност и за твоите размислувања и животни одлуки.
Моментот кога одлучуваш дека си вегетаријанец, па и интроверт, рачунај дека тебе ти е ставен Х дека си freak и терсене. Им ја гледаш реакцијата и тој сељачки етикетирачки поглед у тоа не-еманципираната фаца. What, you think you’re better than me?
Во развиени држави тоа е сведено на “Oh, ok…“ или “How is that going“ и преминувате на друга тема. Ок, освен ако тоа не е директна и блатантна провокација. Овде у вукојебинава тоа мора да е натегање, етикетирање и осуда.
Што и да направиш кај себе за своја среќа и добробит, ако е револуционерно и радикално како на пример постанување веган или станување рано или медитација, одма 50 бранови на токсичен македонски менталитет (некои би рекле дека тоа се гласовите на Ѓаволот) со хејтање и пикање нос кај што не треба.
НИКОГАШ, НИЕДНАШ не биле стимулирачки коментари со поткрепа и поддршка во твојата одлука која тебе ќе те подобри во тој поглед.
Во однос на тоа, пошо сега сме во ете таа фаза од животот. Со девојка ми сме заедно 10+ години, верујте дека сум многу блиску до шамарање на секој без оглед на близина што ќе даде коментар “Ајде бе, шо чекаш, време ти е за женачка”. Хк пу со сочна плунка како Бивис и Батхед играта на времето од кров што плукаа.
1) Каква е таа основна некултура и пикање нос у приватни теми да го поставиш тоа прашање. Па не мора до толку да праиш small talk, се да ти ебам што ти мрда по двор. И тоа од човек што се жени после 3-4 месечна врска со девојче што е 10 години помало од него. Нит живееле нит седеле заедно. Едвај се знаат. Или луѓе што премиса у животот им е “следната со намера ќе ја затруднам”. Дури и тогаш, јас сум бил као, ок, ако е тоа твоја лична одлука, најдоброто нешто што можам ја да го направам е да те поддржам, колку и да не се согласувам со тоа. Пошо секако ти самиот за себе знаеш многу повеќе за твојата ситуација и размислување отколку јас. Секогаш сум бил искрен и supportive без оглед на се. Ама никогаш не сум бил “глас на ѓаволот” и да одвраќам некој од нешто и да го пунам со хејтерско неконструктивно несогласување.
2) Замисли сеа некој у оваа закоравена средина да каже - “бракот е перверзна институционализација на љубовта меѓу маж и жена” и да излезе и да каже дека смета оти неговиот живот со партнерката ќе биде боље ако не стапат во брак, имаат деца и оформат фамилија. Нешто налик Пике и Шакира. Тоа е непоимливо за вукојебинскиот медиокритетен мозок.
3) Стапуваш во брак, ама свадба да не правиш. Ерес, харам во оваа клошарска средина. Какви се овие фрикови на природата, да не праат свадба?
4) Замисли седат двајца “еманципирани, едуцирани и морални индивидуи” и едниот му вика на другиот “Ајде бе, време ви е, кога ќе праите свадба”. Така директно и ноншалантно. Ја верувам дека 90% од тие случаеви нема да комуницираат после таков муабет до крај на живот. Invasion of privacy level 500. Наместо такви ГЛУПИ муабети, еманципираниот свет ќе те праша - „Кои се твоите/вашите ставови околу бракот како институција” или да се потруди барем да ја дознае твојата позиција наместо дифолтно адаптирајќи го матриксот на хордата. Ама ние, за жал сме заглавени во еден сељачки и провинциски мајндсет каде што се што не е матрикс и мејнстрим веднаш се отфрла и етикетира.
Да не почињам со темата посетување на психолог или психијатар. Жално е да се слуша како се дотепува човек кој не е присутен на маса и се деградира пошто има психички проблем и потешкотија и тоа го слушаат луѓе кои апсолутно тоа не треба да го знаат. Да слушаш како единствениот другар кој знае дека другиот има проблеми и го таста пред други е најпоразително нешто на кое можеш да присуствуваш. Жално.
Друга работа, ноншалантно прашување за твоите финансиски примања. Секој знае за секого колку плата зема. Секој си го прашува тоа прашање и си е отворен да ја споделува својата плата во обид за учество во натпревар наречен “ирационално куромерие”. Тоа е стожер на твојата приватност.
Најмизерно нешто во светот е да слушаш ниско и социопатско дичење за тоа дека некој зема blown put of proportion плата (дуплирани цифри ради куромерие). Упте подолно е да гледаш како некој си лечи комплекси пошто бил сиромав цел живот. It‘s everywhere.
Македончето, вечито со уста побрза од мозок. Вечито со куромерачки менталитет и интенција за поставување на сопки и константно оговарање и етикетирање. -
Сите пуни себе и сите само за себе зборуваат, можат комотно 3 саатна седенка у кафана или на кафе да ја направат во cringe монолог за детаљите од својот живот. Само јас, јас, јас.
Седнете со некого во кафеана и слушајте, не зборувајте. Ако целата седенка, тие што седат со вас ни еднаш не ве прашаат “како сте” или “што праите” или “што има ново” или барем тронка интерес за вас, туку зборат само и само за себе, станете си, кажете чао и комотно избришете ги од вашиот живот. Такви луѓе не ви се потребни. Токсични орки кои ви го трошат времето и едноставно не ви се потребни.
2022 а сеуште еден тон ствари се табу во вукојебинава. Поразително скроз. И да, табуата кај нас се доста хардкор. Веќе не е ни табу, него некое ново комбо од табу и дискриминација.