ДК,
аплицирав онлајн за трансакциска во друга банка се со цел да избегнам гужви, а и да примам плата во друга банка зашто моменталнава банка кај шо сум ми е тиња, банкоматите им се ко жена, де дава, де не дава пари, зависи кој период од месецот им е.
Ми стига СМС порука со кодот од новата картичка од новата банка, вика ќе ме известеле коа ќе стигнела у филијалата кај мене у град. Супер, нели?
Пројде недела дена, ја со момичето гушнат у кревет сабајлечки, такви двајцата испотени, цннн цннн, проверуем телефонот оп, поракиче од банката да идам да си ја подигнем картичката. Јас среќен ко пензионерот у мењам жену, само шо ја мењам банка у случајов.
Стигам у банката, идам горе да си ја земам картичката, ме седнува една теткица со наочарчиња, а до неа една млада, некаде на моја возраст, ваљда практикант или на обука, кој знае. И ја давам личнава карта на теткицава, таа демек чепка нешто у компјутеров и одеднаш и заѕвонува телефонов и почнува да моабети на телефон, да се смешка и се останато, воопшто не и е гајле за тоа што јас чекам.
Го вадам телефонов за да проверам саат, глеам за помалку од пола саат морам да сум на работа и да сум оперативен, почнува одеднаш сама ногава да ми се тресе у место и живциве да ми се спојуваат. Ме гледа теткицава, сфаќа дека сум нервозен и дека може да заврши спакувана у класерот позади неа ако не прекине да разговара на телефон и не ми ја даде картичката.
,,ама ти си аплицирал онлајн, сега треба да идеш доле на шалтер за да ти ја активираат трансакциската, за да можеш да ја подигнеш картичкава" - wot ze fok теткице, па која е поентата на онлајн аплицирањето тогаш, ако јас треба пак по шалтери да се замарам, ама ај нејсе, и објаснувам дека се брзам и дека ќе дојдам утредента (денес), затоа што на шалтерот тогаш беше голема гужва (затоа што само една им работи, а има двоцифрен број клиенти нонстоп)
Идам денес, ај реков, денеска ќе биде, ќе си ја земам, ќе ја дадам трансакциската на работодавачов и ќе си завршам се што треба у еден ден.
Влагам, чекам пола саат у ред, пак сум на брзање и пак одложив обврски за да си ја земам картичкава и трансакциската, пак се нервирам, ама ај, стигам на ред конечно и ме пречекува едно младо девојче.
Два пати и викам добар ден, воопшто не ме регистрира. Ало, добар ден? Мислиш на телефон збориме, не во живо. ОК, видов нема фајде да си културен со нејзе, па и објаснив ситуацијата, дека сум бил по картичка, но ми рекле доле на шалтер да идам за трансакциската да ми биде активирана.
Ме гледаше збунето, речи равенка и поставив за решавање, а не да влезе у систем и да ми ја активира трансакциската, го зема телефонот и врти некаде и ми вели да сум дошол нареден понеделник затоа што колешката не и била тука. Ниту лична карта ми зеде, ниту ме праша нешто друго.
Јас збеснав, ни пријатно, ни чао, ни ништо, излегов надвор. Пробувам да се смирам и инстантно станувам благодарен што моментално не сум возач, затоа што би и улетал со све кола у филијала, директ на шалтер и би лежел КПД за една трансакциска сметка и дебитна картичка.
Им се јавив у централа таму, им објаснив ситуацијата, ме ислуша една фина госпоѓа/госпоѓица (али теткица), ми се извини за тоа што ми го изгубиле времето за ништо и ми рече да сум отишол утре директ кај неа за она да ми помогне и да ми среди. Се надевам дека ќе се среди се утре.