К.
Паднат сум психички периодов, мразам лето, никогаш со екипа не сме договориле одмор, проблеми на работа, заглавив у toxic relationship итн. Безвеза, минорни проблеми што се решаваат за 5 минути. Даваш отказ на работа, ставаш крај на врска и крај, ама зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано нели?
Периодов со екипава играме фудбал на школско игралиште, земаме термин итн. Деновиве околу игралиштето се собираат деца(оно деца, 30+ се), од кој што едното е со Аутизам, второто е со Даунов Синдром, третото не знам што беше. Газдата на игралиштето му дава да играат меѓу себе, има вработено човек што ги тренира да играат фудбал(во рамките на нивните можности, нели.)
Дечките не се со тешка дијагноза, далеку од тоа,мирни се ептен, насмеани цело време, си пуштаат музика од телефон додека ние играме, си се шегуваат меѓу себе, дел од екипава кај мене што е ги знае од пред тоа па и тие му се убацуваат со шали, па денес при крај на термин кога се тепавме кој да седне прв дека сите сме веќе волови без кондиција, му рековме на едното дете да влезе да поигра малце со нас. На радоста и немаше крај буквално, истрча 3-4 минути, даде гол, се стопи од среќа буквално...
И онака, ги гледаш како се радуваат, играат и наеднаш моите проблеми и сите причини за мојата нервоза, несреќа итн станаа минорни,непостоечки..