Кеј, има
ново во темата за Готика.
Кај мене сеуште нема толку различно и ново, бевме седнати со шефицата во кафуле на Рајна, со поглед на Франција. Реката е пловна, има и семафори на ридовите во опасни заливи со виногради. Трговски и патнички бродови одат од Базел - Швајцарија, преку француски Стразбур, до германски Шпајер, нагоре до Холандија. Прв пат ја гледав Рајна, така блиску. И велам, од така мало изворче на Алпите, толкаво рекиште. ТОЛКУ МНОГУ ВОДА. Ако мислиш дека ова е многу вода ми врати, треба да дојдиме во Ноември уште еднаш, тогаш делов кај што седиме сега, е 7 метри под вода, и половина од шумата на германскиот и соодветно францускиот брег е под вода.
Во разговор со шефицата за приватни проблеми, истата ми залепи и еден ладен шамар на реалноста. Поладен од ветрот кој струи кај 25ти Декември низ средновековните полу-трупочни сокаци на Алсас и Колмар, ветар од којшто образите ти се како под Анестезија. Имено смета дека морам да простам. За се што сум преживеал. Ми вели, види се колку години си направил! и сеуште се трујаш со истите глупости?! Сеуште ли ќе бидиш заложник на татко ти? Зошто му го дозволуваш луксузот да си гневен на него. Луксусзот да мразиш. Дури во моментот кога ќе му простиш, ќе можиш да кажиш дека си слободен и дека можиш да одиш напред.
Ја набљудувам подолго време месециве, како се справува со колеги, има потенцијал да ги процени луѓето од прва. Или е резултат на извонредни интелектуални капацитети, или е бајди живеана. Јас не успевам толку брзо да ги проценам луѓето, ни одблиску, но идејата дека се држи до мене ми дава надеж дека сепак и јас имам нешто посебно во врска со мене. Не и ветив дека ќе простам, затоа што незнам како оди тоа. Немам искуство на таа тема. А и јас сум згрешил на бог знае колку. Ниту барам прошка. Ама осеќам, дека во нејзината директност лежи голема вистина. И сакам да се пробам. Ми вели - сега живееш овде, заборави на тоа зад тебе, друга опција немаш.
Ако успеам, тогаш и вие ќе куртулите од мене. Акцентот е на ако.