Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Фино лепо,денес на еден чоек му враќам назад едно голема јака сума на пари кои ги "заборави" . Куртонот ми дава само 10 денари да се почастам кафе . Ти ебам тоа добар да бидам . Му враќаш неколку месечни плати,а он фино лепо железна 10ка да се частам . Ми се ебе ми се плаче ....
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
390
Поени од реакции
918
^Еднаш најдов новчаник на една студентка појма неам од каде, ја наоѓам на фејс, и пишувам дека документите се кај мене и и дадов моја адреса и цуцава нит врати на порака нит ништо мислиш ја викнав за да ја силувам.
Од тогаш реков ако најдам следен пат новчаник со документи го фрлам у канта па нек си вадат нови, а ако има пари ќе ги потрошам.
Што ги ебам, луѓево и онака се стока!
 
J

joli1

Гостин
Уморен, напнат сум долг временски период од разноразни животни срања, дел потребни, дел непотребни.

Желба за ништо немам освен за спиење. Пишувањето ме опушта и исполнува, но имам ментална блокада кога сега тоа го правам, не знам веќе што да пишувам, за кого да пишувам и како да пишувам. Можеби веќе напишав се што знаев, се што мислев.

Сакам моабет - не сакам да зборувам.
Сакам друштво - не сакам да сум околу луѓе.
Сакам да чувствувам - не сакам да сум повреден.
Сакам да одморам - не знам да се опуштам.

Ама ќе биде боље. Знам дека ќе биде. Мора да биде. Се надевам дека ќе биде.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
ДК,

Веќе официјално сме во втората половина од 2022.

Мојата работа е парцијално канцелариска, парцијално теренска. Во оваа инстанца од животот, прифаќањето на тој предизвик беше преголем залак. Најавив отказ и најдов нова, физички, помалку исцрпна работа. Можеби е грешка со оглед на тоа дека тешко повторно да наидам на фантастични услови за работа, фантастични луѓе и фантастична работна атмосфера. Коцките ми се поклопија, но сепак тоа исцрпување е пречка за реализација на животните приоритети и афинитети.

Исто, ова е период на планирање на одмори, каде до лани, одев со железни нозе зачинети со тешки и нервозни преговори, а оваа година им се радувам на долгите ноќни прошетки низ плажа кои обично траат до раните утрински часови. Ќе се гоштевам со целокупната атмосфера која ја нуди тој пејсаж, звукот на брановите, чистиот воздух и патот осветлен од месечевите мени. Таа мала, за многумина и незначајна компонента, е срцевината на самиот мој одмор.

И да, имам нова маза, оваа не ми ја подметнаа во канта или двор, туку ја најдов заглавена во кола. Бебе како бебе, брзо ме освои. Каде три, таму и четири. Сега е разигран немирко, палавко и закачко. :love:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.783
Поени од реакции
9.713
Немам изгубено новчаник со пари и документи, меѓутоа си имам изгубено ранец во кој се наоѓаа моето капче Булси кое го имав од средно заедно со JBL блутут слушалки стари пола година. :(
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.558
Поени од реакции
3.350
Има една љубовна клетва(тазе смислена) која е во ранг на еврејските-Го молам Бога да ти насади копнеж во срцето и да го поливаш со солзите кои ќе ги произведе твојата мисла кога и да помислиш на мене,а на мене го да го оттргне копнежот ко лонгета на заздравен врат и да ми овозможи да те гледам со други очи-незаљубени...:coffee:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Од тоа што се случува на форумов во последно време не можам да заклучам дали: во државата има недостаток на апчиња за ментални болештини, или има доволно ама овие забораваат да си ја земат терапијата? :unsure:
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.628
Драга,

Немам веќе проблем да го сконтам Лестер. Кај него едноставно е се обратно. Многу ми е интересно сега со овај алгоритам да му ги читам мислењата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom