Седум сабајле, недела. Сеуште ненаспан, секој момент дрифтам надвор од реалност, па се враќам. Внатрениот немир кој што го чувствував е неопислив.
Реков.. реков ќе свиткам еден, можда ќе ме смири, ќе ме успие. Можеби барем малку боље ќе се осеќам. Ама морам прво по ризли.
Излегов. Надвор тишина со по некој звук на птица, времето свежичко со сонце. Освен јас, по некој пензионер, наркоман и курва, ништо друго на улици немаше да се види. Го сакам градов кога е празен, а уште повеќе кога е тивок. Палам цигара затоа што не научив да се шетам надвор без запалена цигара.
Прво тобако, гурам врата, оп, заклучено. Не работиме недела.
Друго тобако, гурам врата, оп, заклучено. Ваљда и тие не работаат.
Еден дуќан, друг дуќан, не, овој дуќан, ај можеби тој дуќан. Ништо.
Чекај, што ден сме? Недела, аха. Заборавив.
Заборавив дека македонските газди се најголеми експлотатори на работна сила у цела Европа.
Заборавив дека претходно им одговараше работниците да им работаат и недела, но и празник, се разбира, без за истото соодветно да ги компензираат.
Заборавив дека македонскиот газда побргу не би му платил дополнителни 300-400 денари на работникот, отколку на тој ден да ќари дупло него обично.