Ееееее која црна вукојебина сме ние.
Завчера прво им вртам на господата од СЕРВИС МАКЕДОНИЈА барајќи понуда за еден дел за машина за алишта. Ама не можело преку телефон, морало преку меил, за 5 минути праќам меил. Јбг тие се единствени кои што продаваат поспецифични делови за Беко.
Каков црн одговор, нема такво нешто. И вртам сабајлево на таа гуската што работи таму, ааааа сега ќе го препратам меилот до колегите. И велам абе вие конзилиум да не свикувате за да издавате понуди? Ама господине еве до крајот на работното време СИГУРНО ќе ви биде одговорено.
Еве им го крајот на работно време, нема ништо. Вртам на телефон, централата им исклучува, си отишле еден саат порано.
Сакаш да купиш и поштено да платиш, но не можеш.
Сега ми рока филм, денес или ќе одам до Врање да си купам нова плоча (има на лагер) за машинава, до 20 часот работат таму или ќе одам до Нептун по нова машина и тоа таа што е изложена во салон, одма да ја товарам.
Исто/слично ѓубре (како ќе се погоди) се сите брендови наменети за овој смрдлив балкански пазар (потврдено!), зимам средна класа со најдолга гаранција, после нека цркне, пак нова и така. Бар кога ќе рикне, ама ич да не ми е криво за парите.
Како и да е, нешто ќе мора да се направи денес. Без машина за алишта не се живее, се усмрдев дома.
ПС
Ние не сме држава, ние сме ДРЖАВИШТЕ!