Кеј,
скоро правам година дена од мојата преселба во Германија. За 10 месеци, ми се случија 10 децении. Претходно 27 години живот, како 2 месеци, од тие 2 месеци го извлеков најдоброто. Имаше мои постови овде, кон мојата нова домовина, критични и тешки. Посебно кога ја споредувам со Северна Америка. Понуди од Швајц, ласкави како флерт со кафенокоса во пурпурна свила, само тоа.
Но оваа недела рефлектирам година дена зад себе, и сум, одушевен...признавам, и по малку вљубен.
Најмногу од се, сум неизмерно благодарен. Ме прифатија како син, уште од првиот ден - со катастрофален гермнски. Беше последната недела на ланскиот Јуни, во средина составена од 98% германци и неколку странци.
Прв пат во животот, никој не ме мразел. Во Македонија, кога и да рефлектирам, секогаш имаше голгота од булинг зад мене. Гревот мој беше, тоа што наследив добар дел од физиономијата на мајками. Господ грешел кога не создавал нас двајца. Ние бевме виновни! Денес напрскав Гучи Гилти на мене. Засекогаш сум виновен. Превземам одговорност. Не, навистина, комплетно и ни најмалку цинично или саркастично.
Германците немаат причина да ме мразат. Далеку поатрактивни од мене - и од физички и од метафизички аспект. Тоа ме опушта, прв пат погледот (а богами и прстот) не се впрени кон мене. Нема збор, ниту начин, со кој што можам да ја искажам мојата благодарност. Можеби причината зошто останувам на форумов е таа што, не сакам да заборавам низ што сум врвел. Знам дека вие можете да ми го дадете истиот третман. Еднаш едни батки од 8мо одделение, пред сала Македонија, кај ОУ Рампо Левката, ме турнаа од рид на Могилата, потоа слегоа и ми го наполнија грбот со снег. Јас бев 4то одделение, тројца против 1.
На моите нови сонародници, им посакувам Господ да ги награди уште повеќе, комплетно да ги воздигни. Незнам, што е максимален потенцијал? Да населат нови планети, да живеат во згради од цигли од дијамант. Зданија уште помонструозни (во димензии) од нивните камени Катедрали?
Да се уште попаметни и повоздржани, од тоа што веќе се. Грациозни како лебеди.
Во животот видов злоба, но не сум патетичен. Злоба виделе многу луѓе, некои далеку повеќе од мене. Видов и добрина. Благодарен сум и за двете. Без горчина.