Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ако на колегата Маријан ака Мамли му ги избелите непцата, му ги потсредите забите, му го избричите катанчето наречено брада-брк, му стаите маска за измазнување на лицето, му пуштите дугачка коса, му даете да се напие малце женски хормон, колку да му пркнат цицињата де, или тоа комотно може да се среди и со убод од комарец...... и ќе ја добиете Зендаја.

Како може ова да е убаво и секси еве ај, не сфаќам, исушено циганче со коскеста грда фаца како стаорец.

У реду е, не се најбоље селебрити пар со тој малиот што го форсираат ко да е Бред Пит. Нит па Супермен е некое уау филмско остварување, никад не ни бил, никад нема ни да биде.

Нешто ме тера на хејт деновиве, а баш сум топ периодов, али мора тоа поквареното да искача од мене повремено.
Си праиме муабет.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Драга,

Кај мене радоста за празниците и крајот на годината зависи од расположението. Во глобала, не сум во анти групата. Лани до кај 10 декември имав веќе купено подароци на најблиски, па и ги мотав во три различни светљуцави хартии, си пиев какао спокојно со ламбичките запалени во разни бои, со ќебенце и со некој тралалајка филм, мислам дека си живеев толку релаксирано тој период ко на слика од инста инфлуенсеркиве.
Но, годинава не знам главата кај да си ја свртам попрво. Се осеќам секако, само не спокојно. Некако убрзано завршува годинава, а другата ќе биде многу турбулентна и ме фаќа нервоза, страв, анксиозност уште отсега.

Се поврзано со празнициве сега ми е губење на време и не ме интересира, вака нешто.
8.gif


Ова е од единствениот божиќен филм што ваљда го изгледав периодов и на овој дел најмногу се смеев. Смешно ми е кога деца паѓаат, пред некој ден кога имаше врнато едно мало се подлизна пред зграда и летна нанапред со рацете испружени ко Супермен, јас не издржав да не му се изнасмеам во фаца. Нема да добијам поклон од дедо мраз годинава, знам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Тој посочи дека домашните градежни компании работат на автопатски решенија по проекти од современ карактер каде,како што рече, се применуваат технологии кои не распознаваат работни и неработни денови.-Овие технологии не распознаваат дали е дозволено да се работи во некои денови или не. Тоа сериозно ќе го разговараме со министерот и се надевам дека исклучокот да може да даде препорака да работиме и во недела ќе ни помогне во целост да не ги запреме капиталните проекти, рече Серафимовски и додаде дека гарантира оти капиталните проекти ќе имаат забавен темпо од она што сега го имаат доколку не се промени законското решение за недела неработен ден за градежниците.Потенцира дека градежните компании и досега беа многу ограничени со работните часови и додаде дека има и премногу празници во текот на годината.-Кога на сето тоа ќе дополните недела неработен ден ќе сфатите дека градежниците не можат да врзат еден континуиран циклус за работа. Сметам дека мора на градежните компании да им дозволиме да работат и во недела согласно најавените проекти и фактот што мора да се развиваат за да излезат во странство и да им конкурираат на многу посовремените компании, потенцира Серафимовски.

Леле бре, многу празници и неработни денови имало, ќе барале да работат и во недела. Ја не знам што барате, па ја не сум видел градилиште на кое нема напрчено работници и на студ и на +40 и со сабота и во недела, не гледам дека ви сметаше досега да го применувате тоа што сега ќе го побарате.

99% од вас немаат преземени никакви мерки за заштита при работа, работниците ви стојат на 20 метри висина облечени во фармерки и маици на кратки ракави со некое платнено капче на главата. И вие сте нашле уста да отварате да барате нешто.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.874
Поени од реакции
21.720
Драа

И ја учеше у Кочо Рацин.А и на сестру ми деца. Имале за домашно да напишеф песничку за њега. Ха, постарата га натерала тату(како и сфи деца у поново време), он да ву напише песничку.
Осфоила прво место у школу хаха.
Читај.

IMG-d1578d1e56afb5ec35959f6bb85d8e90-V.jpg
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
251
Поени од реакции
922
Матриксот новиот дел симнат од рарбг, бокалот со зелен чај спремен, белиот сончоглед со сомнително потекло од кам на масата! Се надевам дека нема прогресивна лезбејка со плава коса шо ја има силувано вајнстин да го спаси светот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
ДК,

и оваа година малку ќе подранам со новогодишната честитка.

2021 е на залезот, уште една година помината во оковите на пандемијата. Година каде сите светла беа вперени кон политичарите, а бината ги имаа мрачните и депресивните тези на "експертската" фела. Контрадикторни меѓусебе, чиста борба на голото его. Доказ дека и со еден единствен грам моќ може да се полуди.

За мене лично, на професионален план, ова беше доста плодна и успешна година. Иако започна доста бавно и тромаво, она што беше зацртано, успеав да го остварам.

Полека влегуваме во сезоната на празници, а гледам многу мрмчење дури и во претсезоната! Овој период од годината ми е омилен. Го сакам секое клише поврзан со истиот, од новогодишни филмови, читање книга покрај каминот со топол напиток, слушање стара божиќна музика, до самото украсување на домот. Претпоставувам корените на оваа љубов, сврзана со празниците, извираат од самото мое рано детство, каде најраните спомени од животот ми се токму од овој период, време кога бевме вистинско среќно сплотено семејство...барем за момент. И да, ми фали снегот!

Уште лани си ветив дека постепено ќе ги повлекувам тенковите од идеолошко-политичките теми и ќе се свртам кон онаа оаза од теми поради кои и првично дојдов на форумов. Тука малку потфрлив. Тешко е да се игнорираат потресите кои можат да го пренаменат курсот на човештвото, но ќе гледам да одолеам на зависноста и се надевам дека 2022 ќе ми биде поправниот испит.

Форумов ми е една компонента во животот која не би била иста без моите форумски другари. Уживам во времето поминато со вас. Голема благодарност, посебно вие кои ми препорачувате книги и филмови, навистина го ценам трудот, па и посветувањето на тоа внимание. Ве сакам и сакам да продолжиме да се дружиме и во годината која ни следува, а со дел и надвор од форумските води, зошто да не. :love:

На сите, во новата 2022, ви посакувам многу здравје, успех и среќа, помалку грижи и нервози, повеќе љубов, дружба и повеќе време да поминувате со блиските и саканите. За тоа вреди да се живее. :noze:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
ДК
ми текна на една сцена од Клуб на новинари пред бајаги време... Запиени дечишта бајаги не знам како ама заглавуваме во Клуб на новинари.. Внатре сцена како од некој филм на Фелини: на една маса седнати група интелектуалци со активна дискусија за дневно-политички случувања, на соседна седнат распартален полицаец со сумњив лик, до нив рандом залутани фаци, на маса покрај завесите еден направен земја повраќа позади завесата и се подзабришува со истата и на средина тазе заљубен пар кој не приметува ништо освен нив двајцата држејќи се за раце...
Слична импресија имам кога ја читам темата за Корона...
 
Последно уредено:
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
За нова година ми фалат тие средношколските собиранки по станови што ги правевме по 40 души, во изнајмени станови, внатре со еден тросед и една маса, што не кошташе по 1000 денари од човек за 3 вечери. Се купува класика Вигор, Коњак, мајсторско пиво и вино брзосмртка стрикно од пластика па ти останува пиење за до Божиќ и се правиш леш 7 дена со ред. Сега 1000 денари не ме крпат денски на 31ви кога ќе излезам на две пијачки да се загрееме. Кога ќе во CV ставам "организациски способности" мислам на тие што ги имавме јас и уште двајца другари што секогаш се форсиравме да ги организираме овие новогодишни, старо-новогодишни и првомајски евенти. Се напињаш на време да собереш пари од сите, приоритет е да има што повеќе припаднички од женскиот пол присутни и со таа карта привлекуваш се повеќе луѓе. Па ги молиш другарките да викнат нивни другарки и само една од нив, што живее во некое приградски село, а ја знаеш од клас ќе потврди присуство на нејзини другарки од кај неа од село. За нив нит си чуо нит видео, па се коцкаш да не се појават некои габори па после да те дупат во школо, што битија си донесол на прослава до следната година.

Таквите прослави и ми се последните за нова година, изгледа од кога ме фати клетвата кога во трета средно прв пат се договоривме да одиме во диско, а јас не се појавив. Ден пред тоа другар славеше роденден и со цел мозок го натерал татко му да купи пиење, и човекот незнаејќи со какви говеда си има работа, имаше купено пиење во просек по 2 пива од човек. Се испија во првите 30 минути, пола од луѓето не беа ни стигнати на роденденот. Одење другаров во визба и вадење неколку туби од 5 литри црвено вино, од ланската берба, што им останало кога ја чистеле бочката. Корнеше на умрена мачка прегазена на автопат во август, полиена со оцет и расипани јајца. Прво се колебавме дали да се пие или не, на крај затнавме нос, екснавме неколку чаши па останатото е историја. Тоа беше годината кога падна премногу снег, пола држава кога немаше струја и класика овие морониве Комуналец, тоа што го чистеле од улиците само го имаа нафрлано на тротоар, а на тротоар оставено простор да може само куче да помине и тоа долу подмрзнато. Ме враќа мене комшивката накај дома, кутрата метро и желба за растење, јас по пијан од Џамбазов во најбољи дани ме носи под рака. Во еден момент само малку се подлизгува и мене толку ми фалеше да изгубам рамнотежа и да дрецнеме двајцата директ со ребрата во насобраниот куп снег што веќе беше замрзнат неколку денови. Во моментот не осетив ништо, ама знаев дека ќе го јадам утредента. Стигнувам некако дома, нови перипетии.. Само што го палам светлото, се флешнувам во друга димензија и ми доаѓа таков напон да повратам што не можев ни во тоалет да отидам, а се наоѓа на пола метро од мене и исфрлам се што иам од мене на зидот. Мајка ми до ден денес од нос ми ја вади таа вечер и како морале да плаќаат молер ради мене кога ќе се расправаме за нешто.

Се будам сабајлето 31ви, вечерта треба во диско да се оди, јас прв пат во живот доживувам хенговер. Не ми беше јасно што се дешава и дали е се во ред со мене. Осеќам дека нешто не е како што треба над десната страна од стомакот, кревам маицата и глеам модринка во големина на модар патлиџан, па тогаш ми текна што се деси вечерта по пат накај дома. Ми стоеше до водици. Почнувам да се молам да се оправам до вечерта и ветувам дека таму ќе пијам кисела вода. Но никако да ми помине, не можам да станам од кревет а веќе доаѓа 5 сатот. Уште не сум кажал на друштвото дека изгледа вечерта нема да можам да отидам. Собирам некекако храбрсот да ги известам пошо знам дека ќе ме отечат, а јас стварно немав сила до тоалет да одам да се мочам, си трпев во кревет. Од како им кажав почнаа да вртат телефони, да замараат по пораки, али неуспешно. Само во 9 сатот вечерта се појавува другар на врата, последен очаен обид да проба да ме убеди да одам. Се довлекувам некако до врата, му ја давам картата, му викам "шитни ја таму и среќна нова". Ладно ми врати само "последна да ти биде". И така и би..

После тоа не знам што се случи но некако го изгубив сиот вајб за оваа вечер и се некако ми било префорсирано. Не дека тој ме проколна, ама едноставно го сменав погледот. Сите години после тоа сум ги славел или со девојка или со лабаво друшто, носете ме кај било, доаѓам не се жалам. Лани пример си поминав предобро. Како што шиеше корона и беа забранети собиранки, отидов до кафана денски со двајца другари, стегнавме неколку пијачки, па отидов до маркет си се почастив флаша Џејмисон и појдов во станот што ни е празен, пуштив музика и си ја отворив флашата. Потоа ме викна другар до кај него дома, требаше да слави со девојка му, па дури да дојде таа да поседиме. Мајка му имаше спремено секакви кифли, салати и сите зарзалати што се прават за тој период. Се олешив и таму, па веќе не ми се одеше дома и заминав кај друштво што славеа во викендица, што и првично ми беше планот да одам со нив, ама ако не се запиев ќе си одев дома, а вака ми се отвори дизната. Годинава се молам да ми стигнат парите што ми ги борџат од еразмус проект па да фатам за Белград. Не дека е нова година, туку има прејак техно фестивал, Амелие Ленс е на 30ти, што ако се оштетам доволно на 31ви може и да не излезам воопшто. Ако не испадне ништо од тоа ќе работам, лабаво ми е на работа се осеќам како дома. Ем ќе се отрујам од штокови, плус ќе направам пари. Па врти како сакаш win-win ситуација. И сеа кај што ги гледам другите како се напињаат, кај ќе оделе, кој ќе оделе, колку пари им требало, па резервации, па нервози... некако сум благодарен за клетвата што ја јадов на 31ви декември 2014 година. Инаку година добро запматена во нашиот круг на друштво како најлудата година што сме ја имале, особено летото 2014, па ја затворив со стил иако ден унапред.:D
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Ви кажував пред некое време за муабетот кога стариот (татко ми) стара школа,ги отера у курац и Епл, и Самсунг и сите компании што произведуваат смартфони, ради тоа што све му се изменило у телефонот и позадина и контакти, а мајсторот го имаше у рука телефонот на мајка ми а не неговиот.
Надоврзување, стално го затекнувам на телефон со пуштен Јутјуб на максимум волјум нормално,и од таа генерација е "Битлези не викаа на времето бе цефко", и си рока Битлси, Пинк Флојд, Прокол Харум, Лед Цепелин и тако даље што слушал на плочи на времето или па рока шабанарија зависи.
Прееска доаѓам од работа и мајсторот ја пуштил од Alan Walker - Faded.
И му викам ии стари ова по грешка или? - и вика не бе баш убаво песничево баш ме смируе тури ми ја у омилени.
Алан факинг Вокер ок.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.881
Поени од реакции
17.700
Драга,

Мојов татко појма си нема ни што е Епл, ни што е Самсунг. Не знае ни компјутер да вклучи. Пред десетина години имав мп3 плејер и нормално што симнувам песни од интернет ставав таму. А тогаш слушав рап и нормално си има пцуење во рапот. Арно ама овој сакаше да му става десетина песни од „неговот време“, Тома и такви изведувачи.

Еднаш станав рано, а он работеше горе, знаеше да го понесе со себе плејерот кога работеше. И ми се дере ШТО Е ОВА БЕ и ми дава слушалката, а на неа оди Душманко од Едо Маајка и Бед Копи, пцуење на секоја втора реченица. Ти нормален ли си бе што слушаш, ова може и сестра ти да го слушне. Стварно не знаев што да му одговорам.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.713
Поени од реакции
35.455
Кајгич :pipi:

Кога ти играат игри зад грб, многумина не знаат дека можеби имаш ретровизор:sneaky:

П.С. Диносаурусите исчезнале, ама овие неандерталциве се сеуште меѓу нас:свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom