Не разбирам зошто да се хејтаат луѓето кои се радуваат на Нова Година.
Патем, секој човек си има свои желби и вкусови. А околу вкусови не се дискутира, индивидуално е. Но ние и тука мораме да судиме. Погрешно!
Пред се луѓето кои се среќни и се радуваат, шират позитивна енергија околу.
Инаку да не заборавиме, радоста и среќата е пола здравје.
Точно, низ градов владее предновогодишна еуфорија, шопинзи итн. Што има лошо во тоа?
Луѓето си китат по дворовите, во своите домови. Што има лошо и во тоа?
Баш е убаво и пријатно.
Не разбирам. Само тмурен и депресивен тип може да биде рамнодушен, мртов ладен и да не доживее барем малку предновогодишна среќа и радост.
Јас сум златна средина, на ова прашање. Ниту премногу, ниту премалку. Не сум во некоја еуфорија, но сепак периодов имам позитивно и пријатно чувство во мене и сакам да си поминам убаво за празниците.
Како и за секоја Нова Година си имам украсено дома. Двор немам, кога би имал би го украсил. Но затоа компензирам со украсување на тераса, фала богу голема е и прекрасно изгледа навечер (барем за мене).
Инаку општо, треба да сме среќни и позитивни во текот на целата година. Барем јас секогаш наоѓам среќа и во малите, ситни нешта. Таков човек сум.