Зимо. Ладно.
Сакам сега да е лето, надвор 32 степени, сонце пукнало јас еве вака во канцеларија на работа и ми светнува во глава одам јас на море на неколку дена.
Распределувам работни задачи, се растеретувам од обврски, искачам од канцеларија накај 12, точам гориво возејќи накај дома, се пакувам за еден саат, станало 2 после пладне.
Тргам накај Сарти, возам лагано, поминувам граница, застанувам на моето место за одмор во Никити. Купувам една грч ладна вода во маркетите на главна улица, релаксирано пушам една цигара пред кола. Седнувам и продлжувам да возам накај Сарти.
Си влегувам во камп, си се поздравувам со дечките на рецепција, си возам накај мене. Паркирам кај мене пред приколка под сенка, пијам едно кафе и го фаќам крајот на денот за попладневно бањање во топлото море.
Одам до град, купувам намирници за во фрижидер, си ја ставам грчката сим во телефон. МК картицата аут во некоја фиока. Се јавувам кај пријатели да видам кој е во камп, кој не. Секогаш некој од нив е таму, тераме гезме докај 12-1 после полноќ. Потоа следи здраво спиење, на чист воздух во борова шума.
Сабајле денот стартува уште од 7 со едно нес фрапе, и опуштено тече.
Пуста желба за лето.