Добро е што не станав психотерапевт, ќе беше проблем да ги третирам тие 20% популација што никако нема да се променат до крајот на животот - нарцисите. Ова 20% е според Dr.Ramani на youtube, ако го интересира некој. Доста интересен поглед има жената. Wow, не знаев дека едноставно психотерапијата може да биде за џабе во толку многу случаи. Значи голем дел од луѓево стварно биле "расипани", и тоа непоправливо. Јас дури мислев дека и убијци и слично можат да се подобрат само ако доволно се работи со нив. Се чудев зошто се толку голем број на луѓе "терсене". Си викав, добро, имале лошо детство, во лош период од животот се, мислат дека така треба, не размислуваат многу ... и слично. Alain de Botton вика да замислиме дека се мали деца кога комуницираме со луѓето. Демек секогаш да наоѓаме оправданија за нивните лоши постапки. Не знам како е исправно, тоа или тоа, но, мило ми е што не сум терапевт.