Минатата година направив еден чекор за кој многумина околу мене беа песимисти, веројатно ме квалификуваа за будала, и дека се коцкам.
Една година после тоа, мислам дека е најдобро одиграниот потег во мојата професионална кариера, од сегашна перспектива, требало да бидне и порано.
Настаните се одвиваа нешто слично како да одгледуваш бебе, по 15-20 саати околу него, опасности и неизвесност на секој чекор, чувство на несигурност во себе дали си навистина зрел и способен за таков подвиг. Но полека почна да лази, па да патка, и здравје ако бидне се по план, ќе го видиме и да спортува.