Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
ДК кога сме веќе на тема љубов, како сум се затрескал летото тек сеа пред некое време сфатив. Бидна шо бидна, немаше услови за повеќе, но уште тогаш страшно ми се свиѓаше типкава. Со тек на време што повеќе ја запознавам, дознавам дека ми е fucking dream girl. Ми трепери срцето кога ќе видам дека објавила стори, а не пак кога ќе ми пише нешто. Али itiswhatitis..
Него колку квалитетно сум се истрескал на Борис Брејча вторникот, цела негативна аура физички ја осетив како излегува од мене. Ни треба повеќе техно во државава. :cool:
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Драга,

И ја сакам да ме погоди љубовната стрела ко што го погодила Анон.
Нејсе, јас за друго дојдов..

Најдов студентска работа за два дена, промовирам во Туш некои нови миризливи свеќи на глејд. Ми дадоа и кошула и се осеќам како да сум во Симс. Не знам оти, не прашувај.
Сѐ убаво Кајги, само да не стоев до оние освежувачи за вц шолји на бреф... бре што јака ствар ќе беше тоа.. човек да посака да фати ковид и да изгуби мирис.. не не, Вита, не се шали за такви работи...

Бај д веј и овде луѓето гз не ги боли за новите миризливи свеќи на глејд, стојам како утка и се смешкам на сите што ќе поминат, а тие празно ме гледаат. Само еден дедо ме праша зш стојам тука. И му одговорив и рече дека не е заинтересиран.
Апдејт, (Читај како сунѓерот Боб) two. hours. later. Дадов една свеќа woohoo! :')
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Ах мајката, повторно снегот ги изненади надлежните и тоа замислете во месец декември.
Читам непроодни патишта низ Македонија, во градови каде што наврнало снег по 20 сантима, камион не виделе, ризла не паднала на асфалт.
Ние сме чудесна земја.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Нарцисот и шанкерот

Нарцисоидна личност влегува во кафич што го посетува за прв пат.
Седнува на шанк и порачува еспресо. Шанкерот го послужува нарцисот со врвно квалитетно зрно од кафе.
Нарцисот му вели, кафето ти е за никаде, не го пијам.
Шанкерот зачудено (не ја препознал нарцисоидноста сеуште) вели извинете, ќе ве послужам со друго. Шанкерот збунето, просто не му се верува, па ја чисти машината, го пере млинот и го полни со нова вреќа кафе. Прво си пушта едно кафе за себе, да го проба за да биде сигурен дека е добро.
Го послужува нарцисот по втор пат со одлично еспресо. Нарцисот му вели валкана ти е тацната, а има и дамка на шољата за кафе. Шанкерот повторно збунето гледа према нарцисот, го зема послуженото кафе и ги бара забелешките. Нема ништо од тоа што го говори нарцисот. Шанкерот му вели на нарцисот пријатно.

Нарцисот не станува, почнува да го испрашува шанкерот, како се води хигиена во локалот, како се снабдуваат со производи и слично.
Шанкерот, исцрпен се труди со последни сили да одговори на поставените прашања, нарцисот ужива во разговорот, односно ужива во тоа што го малтретира шанкерот, едноставно се исполнува.
Откако шанкерот завршил со одговорите, нарцисот му вели ти најдов повеќе грешки. Не се чисти така, не се купуваат производи од таму итн.
Бидејќи нели, нарцисот мисли дека знае се од секоја област.
Шанкерот дефинитивно се одлучува да го игнорира нарцисот.

Во тој момент во кафулето влегуваат уште три лица, седнуваат и тие на шанкот и си порачуваат пијачка. Среќни, расположени уживаат во муабетот и пијачките. Нарцисот станува љубоморен, бидејќи тие не се осамени како него. Особено нарцисот почнува да полудува кога гледа дека тоа друштво се шали и се смее со шанкерот.

Нарцисот решава да се вклучи во муабетот и да им ја уништи пријатната атмосфера на луѓето. Прво со фино се запознава, потоа полека од околу почнува да ги распрашува кој што работи.
Луѓето културно одговараат на тие прости прашања. Еден од нив машинец, другиот шофер, третиот џандар.
Нарцисот почнува шоферот да го образува како се вози велосипед, на машинецот му кажува некоја формула од 1во одделение, на џандарот почнува да му зборува за сачмарки. Луѓето зачудено се погледнуваат меѓу себе и си велат, ова е луда особа, со што едноставно ја откачуваат од секаков муабет.

Нарцисот продолжува да дрдори, па дури и на папагалот во кафулето почнал мани да му наоѓа. Боите му биле на погрешно место, овој пердув од ваму требало да биде таму, ете и природата погрешила.

Во тој момент влегува газдата на кафичот и случајно од некаде, го препознава нарцисот. За уши го извлекува нарцисот од кафич и му дава траен црвен картон, бидејќи ќе му ги избрка сите гости ако продолжи да се појавува и во иднина.

Заклучок: Бегајте подалеку од нарцисоидни особи, не дозволувајте да ви ја цицаат енергијата.
 
Последно уредено:

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Конобар и дивелопер, како го искористија недостатокот на кадар, некоја јака карма ќе им се задеси. Го чекам моментот кога газда или лид у фирма ќе претепа дивелопер ради захтевите. Ама онака мавање со принтер од глава додека лежи pluralsight програмерчево на тепих со прецвикан врат. Имаат пуно право на курч програмериве ради понуда-побарувачка, алииии…кармата ќе си дојде :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
За тоа до каде сме како народ и дека не знае човек дали работата е за смеење или за плачење најубаво се гледа на социјалните мрежи. Лајкнале портал кој објавува лажни и сатирични вести (кооперација.мк) и упорно не сфаќаат што е намената на порталот. На секоја објава на ФБ коментирале 20 луѓе во просек кои сериозно ја сфатиле веста, дискутираат и се расправаат меѓу себе па дури и до колнење и пцуење доаѓа работата. Залудно ќе се најдат тука два-тројца кои пробуваат да им објаснат каде залутале...
 
O

onefifty

Гостин
Каква вечер си поминав вчера, така немав излезено добри 5-6 години. Почнавме културно од 9 да почасти другарка за дипломирање и завршивме во 4 сабајле во дискач што би рекол Џонтра Траволта, направен Маринко Роквиќ. Се потсетив на убави времиња кога се пееше и играше на све и свашта во крајно сомнителни места, кафани, збриштини и друштва, прејако.
Многу сум излегол вон игра, би рекол дека сум остарел, на 28 години...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom