Драга,
Секогаш е чудно кога првпат ти се случува некоја заебана работа со телото.
Си лежам јас некни во таква твист позиција, нозете свиткани на една страна, а горен дел од телото на друга, ги вртев каналите на тв и си муабетев со моите. На спикер, што секогаш ме нервира, бидејќи секогаш се подалеку од телефонот од што треба.
Насред муабет, пробав да се мрднам и тотално ми се укочи коленото. Језива, огромна болка у пм, ѕвездите ги изброив. Не можев да се поместам никако, дури и најминимално движење изгледаше ко да ќе ми го рацвета коленото. Среќа моите тогаш беа на монолог, татко ми збореше како ќе ја поставувале новата машина за перење, ќе најдел мајстор, бла, бла, а мајка ми беше заинтересирана за лампионите и елката што ја китела, па сакала кучето да го слика до елката, па горда како стражарало низ двор за мачки да не влегуваат ... Тоа ми даде време да се соземам и да не заплачам на телефон.
И си муабетев уште десетина минути таква цела во грч, смеејќи се низ болката, пошто секако немаше каде да одам. Спуштам. Му титкам на маж ми, знам дека ни со дерење нема да ме слушне во другата соба. Иде, ме гледа, му кажувам шо како. Ми помогна човекот, но цело време имаше потскриена насмевка која накрај стана во целосно кикотење. Не знам дали беше ради тоа што стварно бев во глупа позиција или зашто некогаш свесно сака да се мачам, но се осеќам малце предадено.
Енивеј, само згрчен мускул било. Не се повтори пак, не ни сакам. И ко што пишав, не е интересно да откриваш на какви се не начини може да те зезне телото.