- Член од
- 21 септември 2011
- Мислења
- 709
- Поени од реакции
- 2.160
Драга.
Значи све е превара.
Идам саботата вечерта кај 19 часот низ град по друга обврска, поминувам покрај продавницата на Спорт-М гледам отворена со луѓе внатре и ај реков ќе зирнам што има пошто имав намера да купам патики периодов.
Влегувам, разгледувам и слушам како им вика продавачкава на едни муштерии дека има попуст од 30%. Дали добро слушнав ја прашувам на што има попуст, вика на сите артикли има попуст. Ок си викам СУПЕР. Видов едни добри патичиња ама пошто немав доволно пари во мене реков да ја прашам до кога е попустот. Ми вика до понеделник 29-ти ...и викам заклучно со понеделник, дали попустот ќе важи и во понеделник?...ми вика ДА важи и во понеделник до полноќ. Ок, излегувам, со мисла дека ќе си спасам илјадарче со попустот.
Вчера недела не работеа и идам денеска кај 12 напладне. Залетан влегувам. Истата продавачка.
-Здраво, важи попустот и денеска?
-Ааа не заврши попустот, само на веб страна важи до полноќ, во продавницава не.
-Како бе не, нели саботата те прашав рече дека важи?
-Пааа...не знам што сум ти рекла, ама нема попуст.
Излегов без да се расправам, а заслужи да ја отерам и п. м.
Отварам дома веб страна пишува дека попустот важи и за продавници.
Ме фати инат не нарачувам ни од веб.
Некој лаже.
Кај е зборот, образот, довербата,..?
До кога вака ќе функционираме не знам.