Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
21 септември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
1.741
Драга.

Значи све е превара.
Идам саботата вечерта кај 19 часот низ град по друга обврска, поминувам покрај продавницата на Спорт-М гледам отворена со луѓе внатре и ај реков ќе зирнам што има пошто имав намера да купам патики периодов.
Влегувам, разгледувам и слушам како им вика продавачкава на едни муштерии дека има попуст од 30%. Дали добро слушнав ја прашувам на што има попуст, вика на сите артикли има попуст. Ок си викам СУПЕР. Видов едни добри патичиња ама пошто немав доволно пари во мене реков да ја прашам до кога е попустот. Ми вика до понеделник 29-ти ...и викам заклучно со понеделник, дали попустот ќе важи и во понеделник?...ми вика ДА важи и во понеделник до полноќ. Ок, излегувам, со мисла дека ќе си спасам илјадарче со попустот.
Вчера недела не работеа и идам денеска кај 12 напладне. Залетан влегувам. Истата продавачка.
-Здраво, важи попустот и денеска?
-Ааа не заврши попустот, само на веб страна важи до полноќ, во продавницава не.
-Како бе не, нели саботата те прашав рече дека важи?
-Пааа...не знам што сум ти рекла, ама нема попуст.
Излегов без да се расправам, а заслужи да ја отерам и п. м.

Отварам дома веб страна пишува дека попустот важи и за продавници.
Ме фати инат не нарачувам ни од веб.
Некој лаже.
Кај е зборот, образот, довербата,..?
До кога вака ќе функционираме не знам.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Драга

Се надевам Сантели ке ми го прости ова и нема да ме казни, сепак е појако од мене.

Кое уметничко име би го земал малиот Петар, ако утре крене во тие води?!?!?!

Петар ГрашоК.

Имајте убав остаток од денот.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Деца не се секирајте. На 25 години и грашок и “жена од султана” ќе ви биди убаво.
#ВремеМењаСве
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано,
Постот над мојов ме замисли како што не сум се замислил дооолго време!
ММЕ, ми светна дека грчињата се збирутлак од народ, кој од каде, полата ни асално грчки не знаат да зборат, ама знаат да подржат човек, знаат убав збор да кажат дури и кога не те знаат саглам, некогаш дури и уопште!
Овде за секоја работа те гледаат како да си им брцнал со к*рот во манџата. Едвај се чека прилика за сеирење. Никого не сакаме, изгледа и самите се мразиме длабоко во душата. Затоа не не бива, нема ни да не биде! Наследници на Александар Македонски, мај ас.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кога сме веќе кај "Жена од султана", за мене таа песна е уникатна пошто е единствена песна за која келнер ми се има извинето дека врти во кафана.

Најозбилно. Лани кога Македонија тепаше на Грузија седиме во кафана, си вртат навивачки песни, атмосфера топ, и одеднаш ја рокнаа султанава. Доаѓа келнерот и онака уште пред да му речеме нешто вика "Дечки извинете вака, оние на другата маса цела вечер ми досаѓаат да ја пуштам. Нека изврти еднаш па ќе пуштам нешто поубаво".
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Не мрднав никаде за блек викендот како и секоја година, па си викам ајде да си нарачам некои глупости од АлиЕкспрес. Знаат да ми се најдат кинезите за вакви работи. Како на пример кога ја земав колата пред 6 месеци, имаше дотраен клуч со електроника, механизмот за затворање не функционираше добро и ми сметаше во џеб, па си нарачав од кај кинезиве нов за 150 денари и само го преместив чипот и сега ми е топ (за преместување на чипот ми бараа 1200 денари инаку).

Туку друг ми беше муабетот. Како секој просечен купувач, секогаш проверувам ривјус на продуктите што сакам да ги купам. Обично ги селектирам тие ривјус што се со слика за да имам подобар увид. Е тука, обично се наоѓаат многу јаки фотографии од будали кои се сликаат себе си заедно со тоа што го купиле.

Гледам така во тие продукти што ги препорачува самата апликација и во око ми паднаа едни ракавици за вежбање. Знам дека најверојатно се крш си викам, ама ај ќе го видам. Таман се вратив во теретана после подолго време и иако обично вежбам без ракавици, сега не ми се добро навикнати дланките па почнаа плускавици да ми се појавуваат и да прават проблем при вежбање.

Океј топ, симболична цена, добра оценка и многу нарачки. Ама пак нешто не сум убеден, си викам што кур си даваш пари, колку и да се евтини, што ќе ти се ако не ги користиш. И таман да се вратам назад на почетна, на тие неколку ривјус што ги дава пред да кликнеш да ги видиш сите, здогледав една мала сликичка што ми изгледаше малку чудно. Ај да видиме што е ова, немам што да изгубам. Кликам да ги видам сите ривјус за подобро да проценам што е финтата со сликава. И сликата беше ова:

20211127_203426.jpg

Како што претпоставувате, во истиот момент ги нарачав ракавиците и сега чекам да стигнат. Мораше да се испочитува ваква грамада, тоа е најмалку што можев да сторам за овој млад господин. Воедно сликата стана и интерен мим помеѓу луѓето што ги знам.

Се извинувам на сите што мораа да го читаат и видат ова. Поентата е дека некогаш и лоша реклама е вистинската реклама.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Драга,
Само јас ли не сум (или барем мислам дека не сум) го слушнал тоа чудо „Жена од султана“, што и да е тоа? Понекогаш мислам дека сум навистина среќен човек!
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Калимера Кајг,

јас го слушнав ремек делото пред една година ко ја рокна една комшика не тераса. Ич не им замерив, ми се допадна како се журкаја со една друга комшика.

Денес излегов да јадам јаболко на тераса, пошто се 99.9999% вода овде во ЕУ и не сакам собата да си ја направам утоп ко че шлапам. Пошто сум слободен се згоди во исто време да сум и неисчешлан, батален, гол од горе, ова предизвика таква сензација кај Германските минувачи, зрпање дур да влезат во другиот агол од улицата, без да пазат да не рокнат во некој знак.
Влези си Дионизе дома, ова не е Македонија си реков.
Можи не ги импресионирав толку јас колку музиката на Röyksopp што рокаше на 100ка од кај мене.
Well, as it turns out, постов фати чудни насоки, сега имате и одговор на прашањето зошто не им замерив на комшиките лани.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Знаеш Крали Марко кога бил најхрабар и ги тепал турците, кога ќе се опијанел. Алкохолот е таква дрога шо тера на агресивност воглавно воглавно. А сабајле се напив природен дијазепам ал натурал ал натурал, чај валеријана микс, а и сега направив шприцер таман е :icon_lol:. А во мене носам три ножа и еден солзавец спреј, седам на дуќан денар нема, и работам втора работа за минималец. И си имам две насмевки едната е искрена од срце а, а втората е ако те подватам ќе има повеќе отколку на Декстер серијата :icon_lol:. И си викам дај бе дигитална земја и јас да продавам кај го има ова, повеќе вреди од нивите в село.

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Вечерта со баба Камила - I swear I wasn't looking at them, they were looking at me!
После ќе и речи Shall we fuck? И она ќе му покажи дека she still got it ко ќе го опчекори, ќе свати по 1000ти пат дека вредело шо ја отепале Дијана.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Денес ме замолија да одам на лекарска комисија на клиника само да подадам документи, претходно закажано кај матичниот доктор преку Мој Термин. Кратка процедура е, не подолга од пет минути. Вработената на шалтер ги чита пријавените според закажаниoт термин, тие приоѓаат и подаваат документи.

Комисијата почнуваше од 15.00ч. Како што почна, комплет сите 15-20 колку и да беа вештачкоизмисленисевернофиромски гниди беа обесени на шалтер и пробуваа да влезат преку ред, а дел ја отвораа и вратата од шалтерот и се договараа нешто. Иако немаше потреба од сето ова, постоеше однапред одредено време за прием и целата процедура беше едноставна и траеше прекратко, бараа начин да ја прескокнат...

Не престанува оваа недефинирана форма на живот што егзистира на овие 25.000 km2 да ме запрепастува секојдневно...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom