Драга,
ова ми е завршен пост на форумов - олеснување за неколкумина, I know. Не знам дали би можел да го најдам оригиналниот пост овде, мислам дека има речиси година како ве читам (без 2 до 3 месеци). Би било супер да направам компарација со мојот тогашен пост и да видам што очекувања сум имал од форумов. Има супер ликови овде и ми е криво што не можам да останам во контакт, некои сакав да ги запознаам и лично наредно враќање во Мкд, но тоа е, животот продолжува понатаму.
Една од главните причини зошто пишувам завршен пост е фактот што знам дека ако не го напишам, ќе продолжам да се најавувам. Ако не оваа недела, тогаш наредната. Јасно ми е дека одлукава мора да е нешто како откажување на цигари - мораш да пресечиш. Токму затоа го напишав постов.
Се надевам имало моменти кога сум бил пријатен за читање и се надевам дека и вие и јас, взаемно сме научиле по нешто ново и интересно. Поздрав! Се најдобро.