Кајг,
кога се вратив од САД, се чувствував толку добро во врска со себе. Како што растев во Прилеп, ужасно ми сметаше тоа што комшилакот ги озборуваше проблемите на моите родители, татко ми беше љубоморно животно, па знаеше да и кажи на мајка ми што да облечи а што не, која сукна е прекуса, која не. Патологија. Таа од друга страна со огромна гордост, малку требаше да и речи било што (а тој беше дрзок) за да се запали ко кибрит. Класична македонска приказна. Кажав дека беше дел од Бранителите? Она кога си љубоморен на невработена жена која речиси повеќе и да нема пријателки пошто ти ги гледа децата.
Оддавав значење на глупостите и мислењата на другите луѓе. Се разбира како што растев и удрив пубертет, веќе беше почнато на страна да ми моча за нивното мислење. Но сеуште не беше онаа комплетна слобода и олабавеност од медиокритети. Состојба во која што грам негативна енергија не осеќаш без разлика што ти рекле.
Тој порив на неубави чувства во врска со себе иди од кредибилитетот на луѓето. Си велев, ова само мене и на мајка ми ни се случува, па затоа мислиш дека другите се перфектни. Така и се прикажуваат. Никогаш не зборуваат за проблеми и за животни тежини. Се е прекрасно.
Се враќам во МКД, другиот ден одма на Факс. Решив да побрзам со такси. Таксистот беше пијан. Од една страна ми беше жал за него, од друга страна беше опасност по мојот и животот на други луѓе, шантраше со колата лево десно, ко на филм. Прекрасно, си реков, се вратив во вукојебината и сега треба да умрам тука.
Сестра ми беше најизненадена од промената кај мене. И кажав дека сега можи гол да ме пушти низ (Турската) чаршија (Турски збор) во Прилеп, да свртам некој круг - ама буквално не би ми било страм да го направам тоа, и нема да ми биди гајле кој, што, би помислил или рекол.
Па ко ќе земат такви ликови да ти трубат за политика, за уназадени идеали, за системи, за економија (мене, дипломиран банкар) си велиш, олабави ме.
Во спојлер го клавам преубавиот Денвер. Во еден друг живот ги слушав Депеш Мод и ги гледав облакодерите како светат со своите канцеларии на вечер.